Забава
Рим одбележа 2767 години од формирањето
Илјадници луѓе, повеќето туристи учествуваа во понеделникот во одбележувањето на 2767-годишнината од формирањето на градот Рим, кој, според преданието на 21-ви април 753 година пред Христа го основал Ромул.
Најмногу од настаните за одбележувањето на годишнината традиционално се одвиваа на сега една од најпосетените римски туристички дестинации Циркус Максимус (лат Circus Maximus) и околу римскиот Колосеум кои беа преплавени со костимирани актери – гладијатори, коњаници, млади римјанки во црвените тоги со цветови во косите, оживувајќи ги сцените, обичаите и традицијата на древниот Рим.
Со пораката „Уживајте во Рим”, присутните и поздрави римскиот градоначалник Ингацио Марино, кој и самиот учествуваше во прославата. Во организација на културното здружение под називот Римска културна група, се одржа голема историска поворка која трган од Циркус Максимус, во којашто учествуваа 1.600 луѓе до цела Европа.
Традиционалната прослава се базира на легендата којашто го опишува настанувањето на Вечниот рад. Според неа, весталската девица Реа Силвија на богот Марс му ги родила близнаците Ромул и Рем, а кралот на Алба Лонга – Амулија веднаш ги фрлил во реката Тибар за во иднина според преданието да не му го земат престолот. Меѓутоа, близнаците во подножјето на Палатино, еден од седумте римски ридови, ги пронашла волчица која ги одгледала. Ромул и Рем потоа ги пронашла овчарот Фаустил кој ги подигнал и образувал. Кога пораснале, на Палатино одлучиле да формираат градот. Меѓутоа, почнале да се караат околу тоа кој од нив ќе владее со градо па во квагата Ромул го убил брата си. Градот потоа го основал 21-ви април 73 година пред Христа, и го нарекол по себеси.
Неодамна експертите пронајдоа докази кои фрлаат нова светлина на историјата на Вечниот град. Археолозите кои работеа на ископините во римскиот Форум открија камен ѕид од делови од керамика кои стотина години им претходат на близнаците Ромул и Рем. Потекло на керамичките предмети и камениот ѕид ги одредија хронолошки меѓи IX и почетокот од VIII век пред Христа./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

