Македонија
Владата негира дека се разгледува избегнување двојно оданочување со Џерси
Владата „енергично и во целост“ во петокот ги отфрли обвинувањата, и како што оценува дезинформациита и манипулациите искажани во соопштението од најголемата опозициска партија СДСМ, во врска со наводните постапки за разгледување можности за склучување договори за одбегнување двојно оданочување меѓу Македонија и други земји и субјекти, и посочува дека „легитимна и продуктивна цел“ е да се има интенција за склучување што поголем број ваков вид договори.
Претходно во петокот од СДСМ преку писмено соопштениет поставија прашање до привремениот премиер Емил Димитриев дали на последната владина седница наместо да разгледува информации за прочистување на Избирачкиот список и создавање на услови за регуларни и фер избори разгледуваше информација за склучување на Договор за одбегнување на двојно оданочување со островот Џерси.
Инаку островот Џерси во во каналот Ламанш е познат како ткн даночна оаза, и во македонските политички препукувања беше споменива уште во 1990-те
„Прашањето до Димитриев е дали Џерси е првиот даночен рај пред потпишување на официјален договор? И дали откако беа откриени фирмите во Белизе, Џерси треба да биде новата пералница на пари за криминалите на власта?“, прашаа од СДСМ.
„На минатата седница Владата, и тоа како материјал за информирање а не како материјал за одлучување, го разгледуваше процесот на можноста за склучување ваков вид договор со островот Џерси, како што тековно се разгледуваат ваквиот вид можности и за други земји и субјекти од светот, и тоа во функција на градење на економски односи“, се наведува во соопштението на службата за контакти со јавноста при македонската влада.
Од таму потенцираат дека самиот факт што материјалот бил разгледуван на седница на која присуствувале, или имале можност да присуствуваат техничките министри поставени од СДСМ, докажувало дека ништо во врска со оваа точка на дневниот ред не било ниту тајно, ниту, пак, спорно.
„Владата нема донесено одлука за склучување на договор за одбегнување на двојно оданочување со островот Џерси, иако и да донесе таква одлука тоа нема да биде воопшто спорно ниту противзаконски, затоа што островот Џерси има склучено договори за одбегнување на двојно оданочување со Велика Британија, Естонија, Хонгконг, Сингапур, Луксембург и други земји и субјекти во светот“, исткануваат од Владата.
Македонија досега има склучено договори за одбегнување на двојно оданочување со 47 земји и субјекти во светот./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

