Забава
Францускиот Спајдермен се искачи на славниот хотел во Хавана
Следен од стотици одушевени набљудувачи од улиците, „францускиот Спајдермен“ Алеб Робер се искачи на врвот од славниот хотел „Habana Libre“ (Слободна Хавана) во центарот на истоимената престолнина на Куба.
За искачувањето на врвот на зградата од 27 катови, на Ален Робер му бил потребен само половина час. При искачувањето и симнувањето овој веќе педесетгодишник не користел никакво јаже или заштитна опрема.
За Робер вој хотел и не претставуваше особен предизвик, имајќи предвид дека во својата „спајдерменска“ кариера веќе се искачи на највисоките облакодери во светот, како Бурџ Калифа, Емпаер Стејт билдинг, и колите на Петронас. За медиумите во Хавана изјавил дека се одлучил за искачување по овој хотел, бидејќи во него бил сместен првиот штаб на Фидел Кастро откако ја презема власта во Куба со револуцијата од 1959 година и триумфално влегол во Хавана.
„Тоа е кубански симбол“, изјавил Робер, кој воопшто не бил загрижен од височината на хотелот којашто изнесува 126 метри. Малку, како што рекол, стравувал од кршење на фасадата, којашто како и кај други згради и објекти на Куба не е во добра состојба. Ова е првпат за Робер на Куба, а досега има „освојувано“ згради во 30 држави. „Искачувањето за мене претставува начин да се открие една земја, нејзината култура“, додал Французинот, пренесува Reuters.
Хотелот, инаку, е отворен во 1958 година како „Habana Hilton“ и во тоа бил највисок и најголем хотел во Латинска Америка. По влегувањето на Фидел Кастро во градот името на хотелот е преименувано во сегашното „Habana Libre“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

