Македонија
Војниците излегоа на протест, бараат поголеми плати
Војниците во сабота излегоа на протест пред Министерството за одбрана и побараа зголемување на платите.
Претседателот на Независниот синдикат на професионалните војници, Аднан Алитов за Макфакс изјави дека претставници на Синдикатот на одбраната и безбедноста во средата имале средба со Министерот за одбрана, Зоран Јолевски на која им било кажано дека не може да им биде зголемена платата во предизборен период.
Иако изборите во средата вечерта се одложија, сепак во Министерството не дале позитивен одговор на нивните барања.
Затоа во сабота излегоа на протест и побараа зголемување на платите за 20 отсто, зголемување на надоместоците од 610 денари на 1.200 денари и пропорционално да им се зголемуваат платите со другите институции како Министерството за внатрешни работи и Царинската управа.
Алитов вели дека рано е да се зборува за следните чекори, ќе почекаат на реакција до понеделник, но не исклучуваат доколку не се исполнат нивните барања да штрајкуваат во институциите што ги опфаќа Синдикатот на одбрана и безбедност и Синдикатот на профсионалните војници./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во наредните денови претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, ќе биде претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Скандалот со 9 милиони евра e само капка во криминалниот океан на Мицкоски и ДПМНЕ, велат од СДСМ
Скандалот со доделените тендери од 9 милиони евра на фирма основана пред една година, со двајца вработени е само капка во криминалниот океан што го создадоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
„Криминалната власт има изградено систем во кој парите на граѓаните системски се крадат, преку наместени тендери на фирми блиски до власта.
Тоа е моделот на Груевски кој јавноста го слушна во бомибите а Мицкоски само го спроведува истиот систем на неговиот ментор и учител.
A на виделина излезе и друга поврзаност, вториот вработен во фирмата е човек поврзан со УБК на Мијалков и со уништувањето на опремата за масовно прислушување.
И токму такво лице денеска, под власта на Мицкоски, повторно се појавува во сред скандал“.
Исти методи, исти шеми, исти луѓе, додаваат од СДСМ, милионски тендери со единствена цел, богатење на партијата и поединци од врхушката на власта.
Крадењето, додаваат од опозициската партија мора да запре.
„За новите бомби инситуциите мора да делуваат и да преземат мерки согласно законо“.
Македонија
Филипче – Костреш: продлабочување на соработката меѓу двете партии и во регионот
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оствари средба со Бојан Костреш, претседател на Лигата на социјалдемократите од Војводина, Република Србија.
На состанокот се разговараше за продлабочување на односите и зајакнување на соработката меѓу двете партии, но и за проширување на регионалната соработка со социјал-демократските и прогресивните политички субјекти.
„Двете партии ја истакнаа заедничката посветеност на три клучни приоритети: интеграцијата на земјите во Европската унија, решителната борба против корупцијата и криминалот и заедничката борба против национализмот, како предуслов за стабилност и развој на целиот регион“.

