Македонија
Со телеграма одземени овластувањата на раководителите во МВР
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во четврток попладне, со телеграма ги известил сите раководни лица дека престануваат да важат пренесените овластувања од министрите кои раководеле со МВР до денот на изборот на новите членови на владата.
Телеграмата експресно стигна во медиумите, па некои ја објавија под наслови како „Хаос во МВР“, „Нарушен безбедносниот систем на земјата“, „Полицијата парализирана“. Реагираше и поранешната министерка Гордана Јанкулоска, која на Твитер предупреди: „Функциите на државата се доведени во прашање!“Дел од медиумите, пак, пренесуваат изјави на експерти во кои се вели дека одлуката на новиот министер е сосема правилна и во согласност со законот. „Како министер за внатрешни работи избран со Одлуката за избор на членови на Владата на Република Македонија, врз основа на законските овластувања, информирам дека сите пренесени овластувања од министрите за внатрешни работи кои раководеле со МВР до денот на донесување на наведената Одлука за избор на членови на Владата на РМ, престануваат да важат“, стои во телеграмата што ја испратил Спасовски.Од владејачката ВМРО ДПМНЕ немаа официјален став, но сепак, некои нивни членови сметаат дека со одлуката на Спасовски се прекршува договорот од Пржино.Поставувањето министер на полиција од редовите на опозициската СДСМ беше дел од Пржинскиот договор, откако прислушуваните материјали обелоденија бројни малформации во раководењето со ова министерство./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

