Македонија
Бригадата за логистичка поддршка го одбележа Денот на единицата
Командата на бригадата за логистичка поддршка (брЛП) со воена свеченост го одбележа Денот на единицата.
Согласно правилото за воен протокол покрај историскиот осврт за денот на единицата пригодни обраќања кон присутните имаа командантот на Здружено Оперативната Команда (ЗОК) и заменик на командантот на брЛП.Командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) генерал-мајор Васко Ѓурчиновски честитајќи им го Денот на единицата на припадниците на брЛП им оддаде признание за пружената борбено-сервисна поддршка на единиците на АРМ и им порача проблемите да ги решаваат со решенија во постигнување на целта и идејата на претпоставениот.Заменикот на командантот во брЛП, потполковник Цветко Јаневски, во своето обраќање ја нагласи улогата на брЛП, при извршувањето на логистичките задачи посебно во ангажирањето на АРМ во справување со предизвиците од мигрантската криза во услови на лимитирани ресурси.Во историскиот осврт од страна на директорот на Воениот музеј, Александар Стојчев се истакна значењето и поврзаноста на Разловечкото востание за македонската воената логистика бидејќи за првпат самостојно се вршат набавки на оружје, воена опрема, муниција, санитетски материјал, храна, облека означувајќи ги почетоците на воената логистика.На свеченоста, по повод денот на единицата, се прочитаа честитки и стимулативни мерки за постигнатите резултати во работата, а на екипата од 2.логитички баталјон за најдобар пласман од баталјонските и бригадни спортски натпревари кои претходеа на одбележување на денот на единицата и беше врачен пехар. Команда за логистичка поддршка е највисока единица од доменот на логистиката во АРМ, чија основна мисија е планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка на командите и единиците на АРМ. Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување на денови на единиците на АРМ, за Ден на брЛП е одреден 20 мај, во спомен на денот кога во 1876 година започнало Разловечкото востание. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

