Забава
На аукција пиштолот на капетанот Кук
Пиштолот на британскиот капетан истражувач Џејмс Кук кои пред речиси два ипол века за Велика Британија ја освоил Австралија, во февруари ќе биде понуден на наддавање што ќе биде организирано во австралиската метропола Мелбурн .
Месинганиот пиштол „Continental Flintlock“ од почетокот на XVIII век, го изработил холандскиот производител Годефрои Корбау Ле Јеуне. Се очекува дека на аукцијата што ќе се одржи на 14-ти февруари ќе постигне цена меѓу 100 и 200 илјади американски долари.
Овој пиштол, еден од ретките лични предмети на славниот истражувал Џејсм Кук, се пренесувал од генерација на генерација во семејството Кук , и претставува симбол на односот на Кук и Австралија, соопшти аукциската куќа „Leski Auctions“.
„Имаме делови од неговиот брод и уште некои дребулии, меѓутоа морнаричките капетани не собираат предмети, па и во овој случај мало од тоа што му припаѓало е вратено на семејството.“, вели Чарлс Лески.
„Овој пиштол со тестамент е оставен на неговата сестра и затоа со генерации останал во семејството. Имаме среќа што успеавме да ја утврдиме директната врска меѓу овој пиштол и нашиот, така да го наречам, татко втемелувач“, додаде претставникот на аукциската куќа.
Не се знае дали капетанот Кук го носел тој пиштол кога првпат стапнала на австралиската почва, меѓутоа изгледа дека не го употребувал премногу, оценуваат експертите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

