Македонија
Советот на јавни обвинители ја одложи седницата за Јанева

Советот на јавните обвинители ја одложи седницата на којашто требаше да бара отчет од Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за 27 јануари.
На седницата требаше да се расправа за начинот на кој Специјалното обвинителство ги презеде прислушуваните материјали од СДСМ, односно како што изјавија од Советот, дали се постапило законски и дали бил изготвен записник.Специјалното јавно обвинителство минатата недела испрати соопштение до јавноста, во кое вели дека постапила законски при преземањето на материјалите од СДСМ. „Околноста што не е сочинет записник во моментот на самото предавање на материјалите не е пропуст во смисла на законските одредби. Појаснуваме дека се работи за материјал предаден на барање на јавниот обвинител, чија содржина е од сензитивен карактер и како таква подлежи на дополнителни проверки, класификација и постапување, а имајќи ги предвид законските одредби со кои се регулира класификацијата на информациите и заштитата на приватноста“, се вели во соопштението што го испрати Јанева./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе ја пречека премиерот Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево ќе пристигне во Скопје, во рамки на нејзината балканска турнеја. Таа ќе биде пречекана од премиерот Христијан Мицкоски во Владата со кого ќе разговараат за повеќе прашања.
Мицкоски најави дека од посетата очекува реафирмација на европската перспектива на земјата и конкретна испорака од ЕУ. Тој потврди дека Владата, преку Министерството за дигитална трансформација, соработува со ЕК на проект за отворање центар за вештачка интелигенција во Македонија, вреден околу пет милиони евра.
Фон дер Лајен претходно ги посети земјите од Западен Балкан, а во Скопје ќе има средби и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Македонија
Познатиот црногорски пејач се прости од Панчо: Од првиот ден те гледав како брат

„Од првиот ден те гледав како брат. Знаеш кога луѓето се препознаваат на прв поглед, како да ги познаваш цел живот. Твојата љубезност, насмевка, љубов, ентузијазам и сила ме воодушевуваа на секоја средба и ме охрабруваа за секој нов ден“, напиша црногорскоот пејач, Сергеј Четковиќ на социјалните мрежи.
„Имавме многу планови, идеи… Многу работи да правиме, раскажуваме, создаваме…
Патувај, брате мој, одмори се. Нека ангелите те водат на подобро место и нека Господ ти го подари Рајот!
Те сака твојот брат“, додате Четковиќ.
Пејачот Владимир Блажев-Панчо почина вчера, седум месеци по трагедијата во Кочани.
Македонија
(Видео) Филипче од Битола: Економијата е заглавена, инфлацијата галопира – Мицкоски ја влече државата назад

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вчерашната граѓанска трибина во Битола, посочи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ, за година и пол ја заглави економијата и го уназади напредокот на државата.
„Економијата е заглавена, инфлацијата галопира, а платите се замрзнати. Оваа власт не ги решава проблемите на луѓето туку ги игнорира.Оваа власт гази по солидарноста, човечноста, демократијата, напредокот и правичноста“, рече Филипче.
Но, не само во економскиот дел, со ВМРО-ДПМНЕ, како што рече Филипче, државата назадува и политички.
„Мицкоски не ја носи државата напред туку ја влече назад. Во конфликти, во реваншизам, во поделби. И секогаш кога е соочен со критика заради својата неспособност вината е кај некој друг. Ова е политички кукавичлук“, рече Филипче.
Во обраќањето пред граѓаните, Филипче порача дека 19 октомври е повик за враќање на нормалноста.
„На 19 октовмри одговорот е кај народот. Одговорот сте вие. Одговорот ќе дојде од секоја врата, од секое маало, од секое семејство кое веќе знае: доста беше. Време е за враќање на нормалноста. Време е за политика што носи резултати, не изговори. Време е за луѓе што се борат за другите, не за себе“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.