Забава
Кралицата Елизабета Прва била преправен маж?!
Новата книга за британската круна повторно ги разбуди сомнежите за најголемата теорија на заговор во историјата на Велика Британија, според која, кралицата Елизабета Прва всушност била преправен маж.
Така барем тврди американскиот писател Стив Бери, чија нова книга се базира на теоријата на Брам Стокер, најпознат по делото „Дракула“. Стокер бил толку уверен во теоријата за маж преправен во британската кралица, така што ја вметнал и во последното поглавје на својата книга „Импостерс“, пишува Дејли мејл.
Според теоријата, пред 470 години младата Елизабета била испратена надвор од Лондон за да ја избегне епидемијата на куга. Но, Елизабета тешко се разболела, а нејзиниот татко, кралот Хенри VIII бил на пат кон малото село Бисли во кое за неговата ќерка се грижеле леди Кет Ешли и Томас Пери. Десетгодишната Елизабета починала, а нејзините старатели се нашле во големи проблеми – кога кралот ќе дознае дека неговата ќерка е мртва, Кет и Томас ќе бидат погубени.
Заради тоа, одлучиле да го измамат кралот барем на неколку дена за да успеат да побегнат од земјата. Решиле да побараат девојче што би го облекле во алиштата на принцезата, но во селото немало ниту едно девојче на слична возраст како Елизабета, па решиле да го преправат момчето Невил со кого принцезата сакала да си игра на село.
Планот им успеал и го измамиле кралот. Тој релативно ретко ја гледал својата ќерка која и онака била многу срамежлива и ретко зборувала во присуство на својот татко, човекот кој дозволил нејзината мајка да биде обезглавена.
Кет и Томас ја погребале принцезата, а потоа почнале да го учат момчето да се однесува како вистинска принцеза.
Неколку работи оделе во прилог на оваа теорија. Пред сè, Брам Стокер упорно тврдел дека околу 1800 година еден припадник на клерот во Бисли пронашол труп со скелет на девојче во најпрефинет фустан на династијата Тудор со вшиени скапоцени камења. Добра подлога на теоријата дал и фактот што Елизабета Прва се заколна дека никогаш нема да се мажи и покрај тоа што била последна во лозата на Тудорите и единствена надеж да даде престолонаследник.
Исто така, Елизабета често сакала да нагласи дека има срце на маж.
„Имам срце и желудник на крал и тоа крал на Англија“, им рекла на британските трупи кај Тилбури, во моментот кога им се приближувала шпанската армада. Можеби и буквално имала срце на маж… /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.