Македонија
Смени на началници во МВР, скопскиот сменет заради упадот во УКИМ

Сменети се петмина началници на Сектори за внатрешни работи и тоа во Скопје, Куманово, Велес, Охрид и Битола, потврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Тој негираше дека смените се поврзани со т.н.„Фабрика за афери“, туку биле поврзани со пропусти што ги направиле началниците. Началникот на Секторот за внатрешни работи Скопје бил сменет заради, како што рече Спасовски, упадот на полицијата за време на протестот на Студентскиот пленум против изградбата на два нови барокни факултети во кругот на УКИМ.Според писмените изјави коишто ги добил за овој случај, полиција не повикал ректорот на УКИМ, туку лице кое работеле како обезбедување во фирмата СГС.Пропусти имало и поради застојот на истрагите што се водат за напди на новинари, а одредени началници ги повикувале вработените да се приклучат кон одредена политичка опција./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски живее надвор од реалноста, економијата тоне, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, велат од СДСМ

Изјавите на Мицкоски, во кои тврди дека цените се намалени, дека инфлацијата е намалена и дека сме биле први во Европа, се во целосна спротивност со секојдневната реалност на македонските граѓани, велат од СДСМ.
Очигледно, според нив, Мицкоски живее надвор од реалноста.
„Додека Мицкоски зборува за „економски успеси“, граѓаните се соочуваат со постојано зголемување на цените на основните производи, платите стагнираат а стандардот опаѓа. Тоа е реалноста во Македонија. Поскапувањата од една страна и стагнирањето на платите од друга страна го отежнува животот на граѓаните кои се принудени да се откажат од основни потреби за да го преживеат месецот. Според проекциите на Светска банка, Македонија ќе биде на дното во регионот по економски раст, со проектирани само 2,7% раст на БДП оваа година“.
Ако се пресмета инфлацијата од 3%, додаваат од СДСМ, раст воопшто нема, односно економијата е во целосна стагнација.
Како што оценуваат, наместо да се фокусира на весели математики кои не ја одразуваат вистинската состојба, премиерот треба да се посвети на решавање на економските проблеми кои ги мачат граѓаните.
„Политиките на Мицкоски досега не донесоа подобрување на животниот стандард. Напротив, економската несигурност и социјалната неправда се зголемија“, истакнуваат од опозициската партија.
Македонија
Ја удирал со боксови и тупаници, па ја силувал во автомобил на паркинг во Сопиште: поднесено обвинение против 37-годишен скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истражна постапка и поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Полов напад и силување согласно член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 21 февруари вечерта, со умисла и на сила, спротивно на јасно изразената волја на жртвата, ја присилил на полов однос. Делото го извршил во автомобил, на паркинг во Сопиште, така што најпрво без согласност започнал да ја допира жената, а потоа станал и насилен кон неа затоа што го одбивала.
Ја удирал со боксови и тупаници, па дури и со нога во лицето, предизвикувајќи и телесни повреди – подливи, нагмечување и скршеница на носните коски. Иако му кажала дека не сака да има ништо со него, на сила ја соблекол и ја принудил на полов однос. За цело време оштетената безуспешно се бранела и се обидувала да се оттргне, соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител, заедно со поднесеното обвинение, до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Улицата „Дебарца“ готова до крајот на месецот, се работи со полна пареа

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности за реконструкција на улицата „Дебарца“, каде се работи со засилена динамика.
Во оваа фаза се врши гребење на старата и дотраена асфалтна подлога во должина од 240 метри, по што ќе следи поставување на нов асфалт. Завршена е и реконструкцијата на тротоарот со поставување нов бекатон, на површина од 900 квадратни метри, а поставени се и нови рабници од двете страни на улицата, извести Општината.
„Во моментов сме на терен, каде интензивно се изведува реконструкција на улицата ,,Дебарца”. Очекуваме работите целосно да завршат до крајот на месецот, согласно планираната динамика”, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Aктивностите се дел од пошироката реконструкција на улицата „Дебарца“, на потегот од улицата „Ленинова“ до студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Станува збор за целосна санација на коловозната површина од 1.700 квадратни метри.
Овој дел од улицата беше во многу лоша состојба, со сериозни оштетувања кои го отежнуваа нормалното одвивање на сообраќајот, соопшти Општината.
„Со реконструкцијата, ја подобруваме безбедноста и условите за движење, но даваме и нов, поуреден изглед на просторот“, посочи Герасимовски.
Оваа интервенција се реализира во рамки на инвестиција вредна 40 милиони денари, обезбедена од претходната Влада, со намена за обнова на улиците „Светозар Марковиќ“ и „Дебарца“, додаваат од општина Центар.