Забава
Јапонска мапа со последици од нападот врз Перл Харбор продадена за 425.000 долари
Деталната мапа од разурнувањето предизвикано од бомбардирање на јапонската воена авијација врз американската морнаричка база Перл Харбор во декември 1941 година е продадена за 435 илјади американски долари на наддавање во Њујорк во организација на аукциска куќа Christie’s.
Аукциската куќа Christie’s којашто во петокот го одржа наддавањето на њујоршки Менхетен очекуваше цена меѓу 400 и 600 илјади долари за мапата којашто досега беше сопственоста на Малколм Форбс.
Картата била направена од јапонскиот пилот потполковникот Мицуа Фучидо кој раководел со нападот, еден дена по него. Фучида го дал познатиот радио сигнал „Тора!Тора! Тора!“, за да потврди на неговите команданти дека нападот бил целосно изненадувачки. Кон крајот од декември во 1941 година, пилотот лично му ја предал на јапонскиот император. Како што подоцна признал Фучио, нему му било многу полесно да го води нападот отколку да се појави пред царот.
Ракописниот документ во боја на неколку страници, како што забележуваат организаторите на наддавањето, е многу добро сочуван. Дописот на картата е направен на јапонски и на англиски јазик. Мапата ги покажува американските бродови довлечени во Оаху Форд Ајсланд погодени од бомби и торпеда во нападот по кој САД влегоа во Втората светска војна.
Аукцијата се одржа во пресрет на одбележувањето на годишнината на Перл Харбор – 7-ми декември, кога во САД се одржуваат комеморации во чест на жртвите и средби на преживеаните ветерани од споменатата битка.
Во текот на двократниот налет на јапонската воена авијација врз базата на американската воена морнарица во Перл Харбор на Хаваи биле потопени четири американски воени бродови, еден крстосувач, два разурнувача и 188 авиони. Исто така, четири големи воени бродови, три лесни крстосувачи, еден разурнувач и повеќе од сто авиони биле тешко оштетени. На американска страна загинале 2.400 луѓе, додека јапонските загуби биле 29 авиони, пет подморници и 55 човечки жртви. Нападот траел само 2 часа и 5 минути./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.