Македонија
Меѓународен ден на човекови права
Универзалната декларација за човекови права е усвоена од Генералното собрание на ОН на 10 декември 1948 година, во Париз, поради што овој ден се празнува како Меѓународен ден на човековите права
Декларацијата за човекови права се смета за неформален устав кој ги гарантира правата на човекот и ги признава човековите права и слободи како дадени по раѓање, обезбедува рамноправност и гарантира заштита од насилство, лош третман и казни кои влијаат на човечкото достоинство.Обединетите нации усвоија шест договори за основните човекови права: Меѓународен договор за граѓанските и политичките права; Меѓународен договор за економските, социјалните и културните права; Договор против насилството; Договор за превенција на расната дискриминација; Договор за превенција на дискриминацијата на жените; Договор за правата на децата.Прифатената на 10 декември 1948 година Декларацијата за правата на човекот се состои од вовед и 30 члена. Во членовите од 1 до 21 се опишани класичните основни човекови права, а од 22 до 27 – социо-економските и културните права. Член 1: Сите луѓе се слободни и од своето раѓање еднакви по достоинство и права. Надарени се со ум и совест и треба да си приоѓаат во духот на братството.Член 2: Секој има право на правата и слободите објавени во оваа Декларација без разлика на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, религијата, политичкото или друг вид на убедување, националното или социјалното потекло, имотот, раѓањето или друго.Понатаму не смее да се прави разлика врз основа на политичка, правна или меѓународна позиција на земјата или подрачјето, каде некоја личност припаѓа, независно од тоа дали истото е независно или е под доверителство, не поседува сопствена влада или е ограничено во својата сувереност.Член 3: Секој има право на живот, слобода и сигурност на личноста.Член 4: Никој не смее да биде држен во ропство или заробеништво; ропството и трговијата со робови се забранети во сите сите видови.Член 5: Никој не смее да биде подложен на мачење или страшен, нечовечки или понижувачки третман или казна.Член 6: Секој има право да биде насекаде правно признаен.Член 7: Сите луѓе се исти пред Законот и имаат право на еднаква законска заштита. Сите имаат право на еднаква заштита од секаков вид дискриминација што ја повредува оваа декларација и од секакво поттикнување кон таков вид дискриминација.Член 8: Секој има право на делотворна правна поука кај надлежните судови во државата против дејства, преку кои му се повредени основните права пропишани со Уставот или Законот.Член 9: Никој не смее неосновано да биде уапсен, затворен или прогонет од својата земја.Член 10: При утврдувањето на своите права и обврски како и при, против него подигнато, кривично-правно обвинување секој има потполно право на правична и јавна постапка пред независен и објективен суд.Член 11: Секој кој е обвинет заради казниво делување има право да важи за невин сẻ додека неговата вина не биде докажана во јавна постапка согласно Законот, при што ги добива сите гаранции нужни за неговата одбрана.Никој не смее да биде казнет заради дејство или потфат, кои во времето на неговото изведување не претставувале казниви дела според националното и меѓународното право. Исто така не смее да биде изречена потешка казна од онаа што се заканува во моментот на изведување на казнивото дело.Член 12: Никој не смее да биде изложен на неосновано мешање во неговиот приватен живот, семејството, живеалиштето и писмената комуникација или на негативни влијанија врз неговиот брак или почит. Секој има право на правна заштита против такви мешања или негативни влијанија.Член 13: Секој има право на слободно движење во својата држава и слободен избор на место за престој.Секој има право да ја напушти секоја земја, вклучувајќи ја и својата, како и да се врати во својата земја.Член 14: Секој има право да бара азил и ужива таков статус во други земји во случај на гонење.Ова право не може да биде искористено во случај на кривично гонење, што се изведува исклучиво врз основа на злосторства од политички вид или врз основа на дејства што ги повредуваат целите и принципите на Обединетите нации.Член 15: Секој има право на државјанство.Државјанството не смее да биде никому неосновано одземено, ниту, пак, да му се забрани правото за промена на своето државјанство.Член 16: Бракоспособни мажи и жени, независно од расата, државната припадност или религијата имаат право на склучување брак и основање на семејство. При склучување брак, во текот на бракот како и при растурањето на бракот тие имаат еднакви права.Брак може да биде склучен само при слободна и неограничена согласност на идните брачни партнери.Семејството претставува природна основна единица на општеството и има право на заштита од општеството и државата.Член 17: Секој има право на сопственост, како поединечно така и во заедница со други.Никому не смее неосновано да му биде одземена сопственоста.Член 18: Секој има право на слобода на мисла, совест и религија; ова право ја содржи и слободата за промена на својата религија или убедување како и слободата за изјаснување на религијата или убедувањето, самостојно или во заедница со други, јавно или приватно, преку учење, практикување, богослужби и културно делување.Член 19: Секој има право на слобода на мислење и слободно искажување на мислењето; ова право ја содржи слободата за непречено изразување на мислењето преку медиуми од секаков тип без разлика на било какви ограничувања за барање, примање и ширење информации.Член 20: Секој има право на мирно собирање и здружување во здруженија.Никој не смее да биде принуден да припаѓа на некое здружение.Член 21: Секој има право, непосредно или преку слободно избрани претставници, да делува во креирањето на јавните работи на својата земја.Секој има право на еднаков пристап до јавните служби во својата земја.Волјата на народот ја создава основата на авторитетот на јавната моќ; ваквата моќ мора да доаѓа до израз преку редовни, нелажирани, општи и еднакви избори со тајно гласање или во рамките на соодветна слободна изборна постапка.Член 22: Секое лице како член на општеството има право на социјална сигурност и право преку интерни мерки на државата и меѓународна соработка, земајќи ги предвид и организацијата и средствата на секоја држава да стекне уживање на економските, социјални и културни права, кои се неизбежни за неговото достоинство и слободниот развој на неговата личност.Член 23: Секој човек има право на работа, слободен избор на занимањето, правични и задоволувачки услови за работа како и заштита од невработеност. Сите луѓе, без да бидат различно третирани, имаат право на иста плата за иста работа. Секој кој работи има право на правична и задоволителна заработувачка, што нему и на неговото семејство му обезбедуваат егзистенција, која соодветствува на човековото достоинство, а е понекогаш дополнета со други социјални мерки за заштита.Секој има право заради заштита на своите интереси да формира синдикати и да пристапи кон нив.Член 24: Секој има право на одмор и слободно време, посебно на разумно ограничување на работното време и редовно платен одмор.Член 25: Секој има право на животен стандард, кој нему и на неговото семејство му гарантира здравје и благосостојба, вклучувајќи храна, облека, живеалиште, лекарска грижа и потребни социјални услуги, како и право на сигурност во случај на невработеност, болест, инвалидност или вдовец, како во старост така и при друг вид загуба на средствата за преживување преку околности во кои самото лице е невино.Мајки и деца имаат право на посебна превенција и поддршка. Сите деца, брачни и вонбрачни ја уживаат истата социјална заштита.Член 26: Секој има право на образование. Образованието е бесплатно, барем што се однесува до наставата во основните училишта и базичното образование. Наставата во основните училишта е обврзувачка. Стручната настава и наставата за занимања мора да биде дадена на располагање, а високообразовната настава мора на сите подеднакво да им биде дадена, во согласност со нивните способности.Образованието мора да биде насочено кон целосниот развој на човековата личност и јакнење на почитувањето на човековите и основните права. Тоа треба да даде придонес кон разбирањето, толеранцијата и пријателството меѓу сите нации и сите расни и религиозни групи и да даде поддршка на активноста на Обединетите нации за зачувување на мирот.Родителите имаат примарно право на избор на видот на образованието што децата треба да го стекнат.Член 27: Секој има право да зема слободно учество во културниот живот на заедницата, да се радува на уметностите и да учествува во научниот напредок и придобивките од него.Секој има право на заштита на духовните и материјалните интереси, кои се јавуваат како основа за дела од науката, литературата или уметноста.Член 28: Секој има право на социјален и меѓународен ред, во кој правата и слободите објавени во оваа декларација можат да бидат потполно остварени.Член 29: Секој има обврски кон заедницата во која се овозможува самото слободно и целосно развивање на личноста. При практикувањето на своите права и слободи секој е подложен само на оние ограничувања што се предвидени со Закон, исклучиво со цел за обезбедување на признавање и почитување на правата и слободите на другите и задоволување на правичните барања на моралот, јавниот ред и општото добро во едно демократско општество. Овие права и слободи во никој случај не смеат да се практикуваат во спротивност со целите и принципите на Обединетите нации.Член 30: Ниедна одредба од оваа декларација не смее да биде така протолкувана што за некоја држава, група или личност ќе образложува некое право за извршување на активност или дејност што ќе има за цел отстранување на правата и слободите објавени во оваа декларација./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен
Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.
„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.
Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.
„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.
Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.
„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.
Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.
„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

