Македонија
Собрание: На 21 април му завршува мандатот на Ушковски

На претседателот на Судскиот совет, Бранко Ушковски, му завршува мандатот на 21-ви април, а со тоа и функцијата во Судскиот совет, соопштуваат од Собранието, по написите во медиумите дека е продолжен неговиот мандат.
„Во врска со написите околу претседателот на Судскиот Совет господин Бранко Ушковски, сакаме да известиме дека на ден 21-ви април 2010 година Собранието на Република Македонија го избра г-дин Бранко Ушковски за член на Судскиот совет со мандат од шест години.
Да потсетиме дека Судскиот совет од своите членови потоа самостојно го бира претседателот на Советот. Врз основа на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, на господин Бранко Ушковски на ден 21 април 2016 година му завршува мандатот а со тоа и функцијата во Судскиот совет на Република Македонија“, соопштуваат од Собранието./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Бидете луѓе, не таблоиди, не ловци на туѓа трагедија“, напиша Никола Перевски – Пере

„Луѓето знаат да гледаат. Знаат да гледаат директно во туѓата несреќа. Да кликнат, да коментираат. Да се насладуваат на туѓиот пекол додека грицкаат нешто мрсно од кеса.
Но,знаеш што не знаат? Да молчат кога е потребно. Да ја спуштат главата кога не знаат, кога немаат поим. Да се тргнат настрана кога болката не е нивна. Да ги остават луѓето да ги закопаат своите деца без блиц, шепоти и евтини анализи“, напиша Никола Перевски – Пере на социјалните мрежи.
„Не барам чуда. Не барам свет без врева. Барем за тие неколку дена, Бидете луѓе. Не таблоиди. Не ловци на туѓа трагедија. Не доктори за се и сешто. Само луѓе. Со душа, ако ни остана. Затоа што ако го прокоцкаме и тоа – Нема ни што да се свири веќе“, пишува Пере.
Македонија
(Видео) Струмичкиот градоначалник: Уште колку жртви треба да дадеме за да се свестиме дека со оганот нема играчка

Во денови на огромна жалост во Македонија и Струмица, несовесни граѓани запалија стрниште, а за среќа нашите пожарникари од ТППЕ Струмица со поддршка на пожарникари од Радовиш, Валандово, Гевгелија успеаја за максимално брзо време да го локализираат пожарот, без да има изгорени куќи или човечки жртви, извести градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Тој апелираше на свест и совест кај граѓанството.
„Уште колку жртви треба да дадеме за да се свестиме дека со оганот нема играчка. Треба да бидеме одговори граѓани за да не ни се случуваат такви катастрофи“, додаде струмичкиот градоначалник.
„Пожарот беше јавен околу 14 часот, излезе една екипа, но самиот ветер си го направи своето. Побаравме помош и од соседните градови и благодарни сме на колегите кои ни помогнаа“, изјави Александар Гудев, командир на Територијала противпожарна единица (ТППЕ) Струмица, за пожарот во Струмичко.
Македонија
Пожарот во Струмичко ставен под целосна контрола

Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола, извести директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Тој додаде дека нема опасност по населени места, ниту по околните викендици.
Екипите на територијалната противпожарна единица на Струмица се на терен и го ставија под контрола пожарот кој се ширеше поради ветрот.
При гасењето на пожарот помогнаа и пожарникари од други градови, а на терен се градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.