Македонија
МОСТ: Ако изборите се одржат без објавен Избирачки список, граѓаните нема да имаат доверба во изборниот процес

Доколку изборите се одржат без да биде објавен Избирачкиот список во формата пропишана со член 31, став 2, точка 28-г од Изборниот законик и во која првично беше објавен, граѓаните воопшто нема да имаат доверба, ниту во Избирачкиот список, ниту пак во изборниот процес, велат од МОСТ.
Според нив, случаи со мешање на државата и партијата се забележани во 22 општини, што претставување повеќе од ¼ од вкупниот број на општини.Од МОСТ уште додаваат дека Собранието исто така не донесе измена и на Изборниот законик со која требаше да ги редефинира границите на изборните единици, имајќи предвид дека изборните единици 3, 4 и 6 веќе го надминуваат законското отстапување од најмногу минус 5% до плус 5% во однос на просечниот број на избирачи по изборна единица, пропишано со член 4, став 7 од Изборниот законик.„Со ова се доведува во прашање легалноста на изборите и изборните резултати кои подоцна може да бидат предизвикани врз основа на нееднаквата вредност на гласот во различните изборни единици“, велат од МОСТ. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
19-годишниот Јован Костадинов спасил 21 дете во пожарот – „Го зеде мојот син и го носеше на својот грб“, сведочи мајка

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, а денес сите зборуваат за неговиот херојски подвиг, откако беше објавено на социјалните мрежи дека успеал да спаси 21 дете.
„Со голема благодарност и емотивна почит, би сакала да го споделам херојскиот чин на Јован Костадинов од Виница, кој не само што ги спаси животите на 21 деца во трагичната несреќа во ноќниот клуб во Кочани, туку го спаси и мојот син. Во најтемните моменти на паника и хаос, кога сите беа збунети и во страв, Јован се појави како светлина на надеж. Без да размислува, го зеде мојот син кој беше под рушевините на дискотеката и го носеше на својот грб низ огнот и чадот, се до болницата во Кочани, со цел да го спаси, додека сите наоколу бегаа и се бореа за својот живот“, напиша една мајка на социјалните мрежи.
Таа го опишува Јован како вистински херој – младо момче со големо срце и неописива храброст, кој го ризикувал својат живот за да спаси туѓи животи.
„Јован на тебе ти го должам новото утре, новата насмевка, новата надеж и новиот живот на мојот син. За тебе нема зборови кои можат да го искажат моето благодарност и почит. Благодарност од дното на срцето. Ти ми го даде најголемиот подарок што може да го добие една мајка, го спаси животот на моето дете. Ти ќе останеш засекогаш во моите молитви и во нашите срца“, додава мајката.
И други лица кои го познаваат, јавно го фалат херојството на ова младо момче.
„Ах ти храбро детиште, ах ти хероју наш, многумина можат да ти позавидат и тоа сосема оправдано. За твојата храброст, хуманост, емпатија, не постои ниту едно мерило, ГОЛЕМ човеку. Горда, прегорда сум на тебе душичко наша. Заслужуваш орден Јован. Дојде од Виница само за да ги спасиш твоите другари и секој еден присутен, само по допрен глас. Го ризикуваше сопствениот живот, за да спасиш туѓи. Поклон до земја… Учител на сите нас. Јован злато од дете!“, се вели во друга објава.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 59 лица, а 190 се повредени и хоспитализирани во домашните здравствени установи и во повеќе странски држави.
Македонија
ДУИ: Трагедијата бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени

Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени, велат од Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Според нив, власта со сите сили се обидува да ги заштити своите и да го пренасочи вниманието на јавноста кон други, наместо да обезбеди транспарентност и одговорност.
„Овој селективен и неправеден пристап не само што ја поткопува довербата на граѓаните во институциите, туку и го загрозува самиот процес на правда. Ние нема да влеземе во замката на политика на обвинувања и поделби. За нас, правдата не може да се дели на „наши“ и „нивни“ – таа мора да биде еднаква за сите“, велат од ДУИ.
Партијата ги повика институциите да останат надвор од секое влијание и да обезбедат транспарентен, праведен и непристрасен процес.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Струмица

Земјотрес е почувствуван попладнево во Струмица, во 18 часот и 33 минути.
Според информацијата на сеизмолошката опсерваторија, потресот е со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината.