Забава
Нашол вредна повраќаница од кит
Само затоа што нешто е грозно, не значи дека тоа не е вредно. Во случајов: се работи за повраќаница од кит.
Еден човек додека го шетал своето куче по плажа, наишол на едно купче . Сега, тој од купчето може да заработи најмалку 50.000 долари.
Кој би платил десетици илјади долари за измет од кит? Индустријата за парфеми, се разбира.
Супстанцијата, која одвратно мириса додека е свежа, станува многу попријатна додека се суши на сонце и може да се искористи за подолготрајност на парфемот.
Според „БиБиСи“, кучето на Кен Вилман ја окрило супстаницјата додека се шетало на Моркамб плажата во Англија.
Вилман го забележал дека се вртка околу некакво купче, го помирисал и го отфрлил како нешто двратно.
„Кога го подигнав купчето, смрдеше, па го вратив назад“, вели Вилман.
Кога си заминал од плажата, мисла останала во неговата глава, па побарал на интернет, што може да биде тоа што го нашло неговото куче.
Сфатил дека тоа е амбра, материја што се користи при изработка на парфеми, па се вратил и го собрал купчето. Еда француска компанија веќе му понудила 50.000 долари за него.
Иако вакви откритија се ретки, сепак се случуваат.
Минатата година, едно 8-годишно момче најде околу 400 грама амбра што се очекува да му донесе до 63.000 долари. И во 2006 година, еден човек во Јужна Австралија најде неверојатно парче тешко околу 15 килограми. Проценета вредност му е 300.000 долари./крај/ап/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

