Забава
На Депардје во Париз му го украдоа скутерот
Непознато лице во Париз го уркале скутерот на славнтио француски актер Жерар Депардје, на кој тој минатиот ноември беше приведен за возење под влијание на алкохол, пишува интернет страницата на локалната радиостаница France Bleu.
Актерот Жерар Депардје, кок неодамна доби руско државјанство, самиот го пријавил во париската полиција исчезнувањето на неговиот скутер. Според портпаролот на полицијата, скутерот бил паркиран на улица „Лил” во седмиот париски арондисман.
Според локалните медиуми, Депардје, и покрај тоа што доби руско државјанство и купи имот во мало белгиско селце во близина на француската граница, поголемиот дел од времето го минува во Париз.
Депардје, кој инаку е познат дека како превозно средство го преферира скутерот, учествуваше во мала сообраќајна незгода во Париз ланскиот 29-ти ноември. Поради тоа тој беше приведен во полициска станица. Проверката покажа присуство на алкохол во крвта на актерот во времето на инцидентот во ниво трипати поголемо од максимално дозволеното. Во јануари, актерот не се појави во судот за сослушување за овој случај, кога можеше да се изјасни за виновен и да добие поедноставена постапка, па така случајот беше препратен до повисока судска истанца. Според францускиот закон, за возење во алкохолизирана состојба, возач се соочува со парична казна до 4.500 евра и затворска казна затвор до две години.
Кон крајот на минатата година, Депардје негодувајќи против намерите на социјалистичката влада на францускиот претседател Франсоа Оланд да воведе ткн „данок за богатите” до 75 отсто, најави дека се откажува од француското државјанство. Потоа се пресели во белгискиот гратче Нешен на границата со Франција, каде купи селска куќа којашто ја дизајнираше, а исто така регистрираше трговска компанија „Holding 2712″ со почетен капитал од 20 илјади евра.
Актерот кој ја поддржа претседателската кампања на поранешниот конзервативен претседател Николас Саркози, се најде на удар на францускиот премиер Жан-Марк Еирол, кој е именуван од социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд кј во кампањата вети зголемување на даноците за богатите Французи, поради преселувањето во Белгија, наводно за да ги избегне даноците во својата татковина Франција. Неодамна Депардеј купи куќа во белгиското село Нешен, само неколку минути оддалечено од француската граница каде ужива во селото и во природата, но таму се и пониски белгиските даноци, па многумина во Франција со гнев реагираа на оваа одлука додека тие се справуваат со економската криза и зголемувањето на даноците на луксуз.
„Неговото преселување преку границата е патетично. Вистинскиот Французин ја сака својата земја и ѝ помага на татковината пак да застане на своите нозе, а не бега во друга земја”, рече премиерот Еирол во својот настап неодамна на француската телевизија.
„Патетично, велите? Заминувам затоа што вие верувате дека успехот, творештвото, талентот.., сѐ што е поинакво мора да се санкционира И покрај моите испади, мојот апетит и мојата љубов кон животот, јас останувам слободен човек”, одговори актерот.
Депардје беше само еден од повеќето богати Французи кои се преселија во Белгија поради ткн данок на богатство, односно зголеменото оданочување на лицата со имот поголем од 1,3 милиони евра во Франција.
Во почетокот на јануари, актерот доби руско државјанство, а потоа ја посети републиката Мордовија, каде изрази желба да изгради куќа. Тој стана претставник на Мордовија во светската фудбалска асоцијација ФИФА во подготовките и одржувањето на Светското првенство 2018 година, од кои некои натпревари ќе се одиграат во главниот град на оваа руска република – Саранск./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

