Македонија
МВР проверува кој го направил лажниот профил на Фатиме Фетаи
Министерството за внатрешни работи проверува кој го направил лажниот профил на обвинителката која е дел од тимот на Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи.
Министерството побарало социјалната мрежа, Фејсбук да го укине профилот.И Специјалното јавно обвинителство на официјалната Фејбук страница во недела објави дека обвинителката нема свој профил на Фејсбук и дека сите профили и фан страници кои се појавија на социјалната мрежа се лажни.„На социјалната мрежа facebook се појавија страни за поддршка на јавни обвинители од ова Јавно обвинителство и лажни профили, кои не се креирани од наша страна и не се под наша контрола. Во оваа насока Ве информираме дека исклучиво ставовите изнесени преку оваа страна се наши официјални ставови и се оградуваме од сите други ставови изнесени на лажните профили и страните за поддршка. Воедно Ве известуваме дека обвинителката Фатиме Фетаи нема свој профил“, соопштија од СЈОПо прес конференцијата што се одржа во Специјалното јавно обвинителство во петокот на социјалните мрежи се појавија фан страници за обвинителката Фатиме Фетаи. Голем дел од јавноста беше воодушвена од настапот на обвинителката која соопшти дека ова обвинителство побарало притвор за осум лица меѓу кои и високи функционери на власта. Дел од медиумите, пак, објавија дека преку фан страниците обвинителката се заканувала./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

