Контакт

Македонија

Собранието ги изгласа министрите и замениците од опозицијата

Објавено пред

Со 95 гласа „за“ и 2  „против“, Оливер Спасовски е изгласан за нов министер за внатрешни работи, според политичкиот договор кој предвидува сто дена пред избори опозицијата да предложи министри во неколку министeрства, а според истиот договор и Фросина Ташевска Ременски со ист број гласови стана министер за труд и социјална политика.

dobivaj vesti na viber

Договорот предвиидува нивните дополнителни заменици-министри да бидат на предлог на владејачката партија, па така Оливер Андонов, кој вчера стана министер за внатрешни работи, откако Митко Чавков си поднесе оставка, од петок е дополнителен заменик-министер за внатрешни работи, а Диме Спасов, досегашниот министер е дополнителен заменик –мионистер за труд и социјална политика.Исто така, Љупчо Николовски на предлог на СДСМ е дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Александар Кирацовски е дополнителен заменик-министер за информатичко општество и администрација, а Кире Наумов дополнителен заменик-министер за финансии.На изборот на ново-старите минитри претходеше жестока дебата, во која пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека во периодот кога овие лица, нешто порано оваа  година ги извршуваа истите функции направиле повеќе криминали и опструирале повеќе процеси, додека, пак, опозиционерите ги охрабруваа тоа да го прават и сега.„Свесни сме за штетите кои министрите на СДСМ ги правеа во минатиот период, кои достигнуваа и десетици милиони евра. Да се обидеме да не го прават тоа сега“, рече Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кој наброја повеќе случаи од минатиот мандат на овие министри, па рече да не се дозволи министерот за внатрешни да се вози со службено возило на партиски трибини, да не унапредува блиски луѓе по седум скалила, да не праќа телеграми со упатства до цело МВР, а министерката за труд и социјална политика да дозволи отворање градинки, да не им попречува социјална помош на оние кои им е потребна и да дозволи доделување станови на социјално загрозени семејства. „Десет години го крадете гласот на народот. Бирате министер за 15 часа. Циркузант бирате. Ич да не се секирате за листите на СДСМ. Масовно ви бегаат и коалициони партнери. Вие го знаете резултатот на 11 декември. Ќе доживеете дебакл“, рече Горан Сугарески од СДСМ, кој му реплицираше на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ кој забележа дека само луѓето на СДСМ кои седат во пратеничките клупи се менуваат, а овојпат ќе нема кој да биде на листите на опозицијата. Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ забележа дека во петок повторно бираат влада за спроведување на изборите, и тоа го прават за СДСМ да излезе на избори и да го победи стравот од соочување со народот. „Не е проблем Избирачкиот список, не е проблем Специјалното јавно обвинителство, во кое ги сместивте вашите кадри од шарената револуција, проблем е вашиот страв. Не верувам дека ќе излезете на 11 декември на соочување, но верувам во мојот народ. Овие граѓани нема да ви дозволат да избегате од избори на 11 декември. Вашиот аболициран лидер мора да сфати дека е доста“, рече Мукоски.„Нервозава знам од каде е. МВРО-ВМРО ја нема, на што сте научени. На 11 декември, одиме на избори и ќе бидете казнети. Нема да биде дозволено во овие сто дена да правите циркус како Оливер Андонов што потпишува решенија за еден ден“, реплицираше Сугарески. Пратеникот Амди Бајрам констатира дека е време по шест месеци да излезе на говорница и да им ја каже вистината на СДСМ.„СДСМ, време е да ви кажам што сакате и што барате, техничка влада и министри. Кој ги избрка министрите? Сами си заминаа. Кај го има тоа. Шалио сам се. Те сакам, па не те сакам жено. Тоа е брак. Многу ви дадовме, многу пакост, многу зулуми да направите. Не ве пипнавме со еден прст, ве пуштивме да се брукате меѓу народот. Амди Бајрам што кажал тоа искочило. И овојпат ќе биде така“, рече Бајрам, кој рече дека ќе гласа против овие министри, затоа што никој не ги избркал првиот пат, сами си заминале.Независната пратеничка Роза Топузова Каревска рече дека со потпишувањето на договорот од 31 август, со кој се констатира дека се исполнети сите услови за фер и демократски избори се погазува Уставот, кој како официјален јазик го признава македонскиот, а договорот што е потпишан е на англиски јазик.„Според член 7 од нашиот сѐ уште важечки Устав, кој многупати во ова Собрание беше газен, стои, дека на целата територија на РМ и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговот кирилско писмо. Договорот политички е потпишан на англиски јазик, со што се крши Уставот“, рече Топузова –Каревска, која смета и дека ниту еден услов не е исполнет, ниту оние за фер и демокоратски избори, ниту оние кои ги бара опозицијата. „Заев во 2014 година имаше пет барања. Техничка влада, а ова не е техничка влада, немешање на државата со партијата, попартизирани медиуми нема, директорското место го сметавте за правична застапеност на опозицијата, Избирачкиот список не е прочистен според ни една бројка објавена од опозицијата, а последен беше пописот, кој сега не е ни спомнат. Не верувам дека на 11 декември ќе имаме фер и демократски избори, затоа што ни еден од овие услови што ги бараше опозицијата не е исполнет, а зошто е потпишан овој договор си знаат лидерите на четирите политички партии. До нас не е доставен договорот, дознавме од медиумите за неговата содржина“, забележа Топузова – Каревска. „Најголем дел од сите услови не претрпеа никакви промени, што јасно кажува дека целта не била да се сменат некои услови за опозицијата, туку да влезат во влада без избори“, реплицираше Аврамовски Момчило од ВМРО-ДПМНЕ.Мандатот на овие министри и заменици-министри е до завршување на изборниот процес, а потоа се формира политичка влада од победникот на изборите./крај/мф/бб

Извор: Макфакс

Македонија

Дебакл на Мицкоски, историски пад на странските инвестиции за 729 милиони евра, велат од СДСМ

Објавено пред

„Драматчен пад на странските директни инвестиции во 2025 година од 61% покажуваат последните економски податоци на Народна банка. Со Христијан Мицкоски на чело на Владата, во 2025 година има намалување на странските инвестиции за огромни 729 милиони евра во споредба со 2024 година“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Поради политиките на СДСМ, во 2024 година странските директни инвестиции изнесуваа 1 милијарда и 196 милиони евра, додека во 2025 година со Мицкоски тие се сведени на само 467 милиони евра. Дебакл.

Но, затоа има пари за криминални тендери, 161 тендер за една фирма, 51 за втора, 74 тендери за трета фирма блиска до власта. ВМРО-ОКГ се грижи само за својот приватен бизнис.

За време на владите на СДСМ, беа отворени 16 нови фабрики како резултат на директни странски инвестиции – гиганти. Се генерираа над 10.000 нови работни места само во технолошко-индустриските развојни зони.

Што се случува сега со Мицкоски и ВМРО-ОКГ? Има историски пад на инвестициите и губење на илјадници работни места. Германскиот гигант Aktiv официјално потврди дека се повлекува од Скопје, оставајќи 400 – 500 работници без работа. Во фабриката на Dura се кратат производни линии. Magna го стопираше своето претходно најавено ширење. Илјадници работни места се под сериозен ризик.

Ова е резултат на погрешните политиките на Мицкоски и ВМРО-ОКГ за изолација и криминални тендери за богатење на функционерите на власт.

Наместо да се занимаваат со економијата, тие преку своите медиуми се занимаваат со црна кампања и лажни афери. Нема интеграција – следи економска изолација“, соопшти СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет2 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет2 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет3 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа3 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет3 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет9 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет9 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет10 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија12 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија12 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија13 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет14 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет15 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет16 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет16 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет17 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет20 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија22 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет24 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...