Забава
Предмети од вселенски мисии продадени за милион долари
Ознаката којашто американските астронаути ја носеле во историската мисија на летот до Месечината во 1969 година и контролниот список со податоците за тричлениот екипаж, постигнаа највисоки цени на аукцијата на „вселенските” предмети во Њујорк на која биле заработени милион американски долари.
Речиси 300 колекционери и разни други ентузијасти од 17 земји телефонски, преку интернет или лично во вторникот навечер во Њујорк наддавале за предметите. Биле продадени 80 отсто од понудените 300 предмети, соопшти организаторот на наддавањето аукциската куќа Bonhams.
„Предметите со коишто се служеле астронаутите се многу атрактивни , бидејќи се нештата за коишто луѓето сонувале како деца. Многу деца сакаа да бидат астронаути. Летот на Apollo 11 за многумина е прашање на носталгија, бидејќи тоа беше првиот лет на човекот на Месечината, а сé што правиме првпат претставува голема работа”, изјавила Касандра Хатон, експерт за вселенска програма во аукциската куќа, пренесува Reuters.
Контролната листа од леталото „Apollo 11″ со податоците коишто ги снимил членот на екипажот Баз Олдрин додека престојувал на Месечината е продадена 68.750 долари, иако првично беше проценета на 45 илјади долари.
Друг предмет кој предизвикал големо внимание била ознаката со орел и маслинова гранка на месечевата површина, идентична на логото што го носел екипажот на вселенските костуми. Таа е продадена за 62.500 долари, а ги носи потписите на тројцата астронаути, Баз Олдрин, Нил Армстронг и Мајкл Колинс.
Американското знаме коешто Олдрин го носел на Месечината постигнало цена од 47.500 долари, двојно повеќе од процената.
Вселенскиот костум за проектот „Меркур”, коешто било користено на самиот почеток од американската вселенска програма со човечки екипажи, е продадено за 43.750 долари, што, пак, пет пати помалку од првично проценетата вредност.
Реткиот руски вселенски костум „Стриж”, едно од само 27-те такви костуми, било нудено за 20 илјади долари, но таа цена не била постигната. Меѓутоа, контролната плоча од Вселенската станица Мир којашто беше проценета на шест илјади долари, е продадена за 9.375 долари. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

