Македонија
Сообраќајот се одвива без забрани, по суви коловози

Сообраќајот на патиштата низ се одвива без забрани, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Потсетување за возачите дека од 15.ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15. март 2016 година. крај/амсм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Првиот ден од септември ќе биде сончев со мала облачност

Првиот ден од септември, како и неделата, ќе биде сончев со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ).
Минималните утрински температури ќе се движат од 8°C во Маврово до 18°C во Гевгелија, додека максималните дневни ќе достигнат од 24°C до дури 34°C во Скопје.
Во главниот град утре се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 18°C во утринските часови до максимални 34°C во текот на денот.
Од вторник, метеоролозите најавуваат уште потопло време – сончево со мала до умерена локална облачност и температури кои ќе се движат од 30°C до 37°C.
Во среда пак ќе настапи промена – времето ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен западен ветер. Попладне на повеќе места ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Температурите ќе се движат меѓу 29°C и 36°C.
Македонија
Се врати во функција бројот 192 на МВР

Отстранети се техничките проблеми и повторно е во функција телефонскиот број 192, кој граѓаните на Скопје можат да го користат за било каква пријава или информација, информира Секторот за внатрешни работи Скопје.
За истата намена, како што велат, редовно функционира и телефонскиот број 112, како и телефонските броеви на полициските станици во населбите каде граѓаните живеат.
Македонија
Пожарот во Вардариште е под контрола, дел по дел Скопје добива струја

Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Поради големиот пожар повеќе населби во Скопје беа без електрична енергија, а од ДЗС информираат дека набргу дел по дел, ќе биде пуштена електричната енергија.