Македонија
Иванов им се извини на сите кои се навредиле од одлуката за прекин на постапките против политичарите
Претседателот Ѓорге Иванов поднесе општ акт за прекинување на сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата за, како што рече, зачувување на државните и националните интереси и ова го гледа како начин за излез од политичката криза.
Ако некого навредил со оваа одлука, Иванов јавно му се извини.Иванов рече дека е подготвен да ги поднесе сите критики кои по оваа одлука би стигнале на негова адреса, но убеден дека донел исправна одлука.Како што појасни, станува збор за прекинување на сите кривични постапки, а само едно лице ќе биде амнестирано. Одлуката што ја потпишал денеска, стапува во сила веднаш.Претседателот Ѓорге Иванов соопшти дека потпишал одлука со која се прекинуваат сите кривични постапки против политичари коишто се поврзани со политичката криза и аферата прислушување.Претседателот Иванов донесе одлука за амнестија и за едно веќе осудено лице, односно за Звонко Костовски, главен инжинер во Управата за безбедност и контраразузнавање, осуден за аферата „Пуч“, на три години затвор.„Ниту Пржинскиот договор, ниту распуштање на Собранието не ги намали тензиите, напротив ги зголеми. Никој, никому не верува“, рече Иванов во своето обраќање до нацијата.Иванов смета дека во следните месеци и години политичарите, без разлика кои се на власт или во опозиција, ќе треба да носат важни одлучи за интергациите и за идентитетот, а не сака да бидат под закана за нивниот живот, чест, углед и иднина. „Од овие причини, со намера да придонесам за решавање на кризата, до релаксирање на односите и намалувањето на тензиите меѓу спротивставените политички сили и нивни поддржувачи свесен за последиците врз државата и граѓаните, ако не се преземе нешто за оваа криза, свесен за последиците врз мене, со преземањето на овој чекор, но со силма верба дека носам одлука во интерес на државата и на нацијата, нејзината стабилност и независност, одлучив да се стави крај на оваа агонија на Македонија.Да се пресече јазолот, согласно сите мои уставни и законски одлуки, а преку одлука со која се извршува општ прекин на сите постапки меѓу политичарите и нивните соработници, или поддржувачи од спротивставените страни. Таквата одлука ја донесов и ја потпишав денеска. Во олуката пишува дека стапува на сила веднаш“, рече Иванов.Меѓу опфатените рече има многу негови политички поддржувачи и многу негови политички противници, но тоа не влијаело на одлуката.„Не навлегував во тоа дали некој е виновен или не, поаѓав од презумпцијата на невинот, иако мислам дека повеќето не се виновни. Чекајќи тие да си ја докажат нивната невионст, можеме да ја доведеме државата во опасност“, рече Иванов.„Само една од одлуките е амнестија за едно лице кое веќе е правосилно осудено, но со оглед на тоа дека за сите други од тој случај се прекинува постапката ценев дека е неправедно само тоа лице да отслуѓува казна само затоа што за разлика од другите во тој предмет го признал делото и со обвинителството се спогодил за висината на казната“, рече претседателот.„Никој не може да ме убеди дека оваа криза е во интерес на Република Македонија. Оваа криза е нечиј туѓ интерес, за некои туѓи цели и интереси. Некој кој сака нешто да постигне. Некој кој сака преку завојуваните олитичари и политички лидери и нивните поддржувачи да оствари своја цел. Сето она што се случуваше во изминатиот период резултираше со до сега невидена политичка конфронтираност, со политика на меѓусебно пресметување и уништување. Бескраен реваншизам и омраза и лична конфронтација. Погледнете што им се направи на нашите политичари и од власта и од опозицијата. Тие толку многу завојуваа, работите отидоа толку лично и далеку. Си отворија толку многу кривични постапки, што сега и едните и другите се подготвњени да употребат секакви можни средства, само да не бидат поразени на следните избори“, рече Иванов.Претходно, во обраќањето Иванов појасни дека Македонија се наоѓа во најдлабока криза до сега,а дека ни распишувањето на изборите не е доволна гаранција дека кризата набрзо ќе се реши и ќе заврши колку и сите ние тоа да го посакуваме. Иванов рече дека покажал иницијатиа да се вклучи во решавањето на кризата, но рече дека едната од двете политички стерани не го дозволувала тоа и инсистирала на тоа разговорите да се водат изклучиво под покровителство на меѓународниот фактор. Тој смета дека тоа не е добро, затоа што лошо говори за секого, ако некој од надвор дојде да ги решава проблемите. „Некако се дојде и до распуштање на Собранието, но најголемата опозициона партија најави бојкот што повторно е лошо за земјата“, додаде претседателот. Според него, тоа значи дека ќе се оди и на попречување на одржувањето на изборите. Потсети дека има техничка влада со ограничени овластувања, а рече „на раб сме на кризна состојба“.„Ова не е наша игра, ова е од надвор. Нелегално да се снима целиот државен врв, новнари, медиуми, дипломати и сето тоа потоа како фабрикуван материјал да се стави во рацете на еден човек со силна поддршка да го користи тоа и се што се случуваше потоа јасно укажуба на тоа дека некој друг сериозно има замешано прсти во креирањето на оваа криза. Судиите се под невидем притисок од сите страни. Претставници на меѓународната заедница ни се шетаат низ судовите додека тие треба да донесат одлуки дали некој треба да притворат или не“, објасни Иванов.Претседателот Иванов рече дека оваа негова одлука е донесена без никаква консултација со инволвираните страни, а се со цел прекин на политичката криза, која и штети на државата./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Викендот со стабилно време, дожд се очекува од вторник
За време на викендот ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во сабота и недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер, претежно од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 до 2 степени, додека дневните максимални ќе достигнуваат од 6 до 13 степени.
Во текот на викендот во Скопје се очекува променливо облачно и тивко време, со појава на магла, особено во утринските часови. Минималната температура ќе се спушта до -3 степени, а максималната ќе достигнува околу 8 степени.
Според УХМР, стабилното време ќе се задржи до вторник, по што кон крајот на денот и во следните денови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Нема толеранција за узурпација: Скопје почна голема акција за расчистување на јавниот простор
Град Скопје започна сеопфатна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини.
Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, акцијата се спроведува без никакви отстапки и со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен за сите под еднакви услови.
„Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање. Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки“, напиша Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи.
Тој посочува дека тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на лични интереси и дека повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на граѓаните.
Според градоначалникот, акцијата ќе продолжи со силно темпо и ќе ја опфати целата територија на Скопје.
Воедно, тој ги повикува граѓаните активно да се вклучат и да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор, со цел да се изгради град во кој владеат ред, достоинство и еднаква пристапност за сите.
Македонија
Мицкоски најави две нови странски инвестиции од 80 милиони евра
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, дали има најава за нови инвестиции во државата, информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80-тина милиони евра.
„Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви. Една турска, една германска, коишто вкупно ќе инвестираат околу 80-тина милиони евра. Извозот којшто двете заедно ќе го прават од Македонија ќе биде над 200 милиони евра и вкупно двете компании би требало да вработат некаде околу 1.000 вработени. Двете не се во автомобилската индустрија, туку во индустрија со висока технологија, што посебно нè прави горди“, изјави Мицкоски.
Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно се зголемат до крајот на годината.
„До крајот на годината очекувам уште најмалку три потврди, со што ќе го заокружиме овој циклус, а во следната година ќе продолжиме и на овој план да работиме, да ги поддржуваме домашните компании е наш приоритет, но, се разбира, и компании коишто доаѓаат од надвор, а коишто пројавуваат интерес да инвестираат тука, се добредојдени. Фокусот ни е малку да направиме диверзификација на тоа портфолио, да не биде само автомобилската индустрија, туку и ваков тип на инвестиции во висока технологија“, објасни премиерот.

