Македонија
Спасовски: Владата создаде услови за извршување на пуч во МВР

Владата му забрани на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да раководи со Министерството, а од друга страна не ја достави до Собраниетo оставката што ја поднесе на 6 април.
Спасовски на прес – конференција соопшти дека е оневозможен од страна на Владата да раководи со Министерството и дека направила целосен хаос во функционирањето на МВР со два пати поништените Решенија и Правилници што ги донесе Спасовски.„Освен што ми забрани да ги извршувам своите со Закон утврдени надлежности, Владата ги поттикна останатите функционери во министерството да ги спроведат нејзините незаконски одлуки и да вршат кривични дела, за кои ќе одговараат. Последниве два дена директорите на УБК и државниот секретар на МВР надвор од законските надлежности, издаваат усни наредби на потчинетите , за одземање на канцелариите, менување на бравите , исклучување на картиците на дел од вработените чии решенија Владата незаконски ги поништи. Со овој чин фактички и директорот на УБК и државниот секретар , од своја страна ги потикнуваат вработените да извршуваат кривични дела, преку реализирање на овие оперативни задачи, за кои се одговара според Кривичниот законик“, изјави Спасовски.Според неговите информации, Државниот секретар ја презел улогата да раководи со МВР. „Јас сум министер за внатрешни работи и не прифаќам никакви палијативни решенија и комбинации на заедничко раководење со министерството, па според тоа не прифаќам ни наметната одговорност за надлежности кои свесно ми се одземени“, додаде Спасовски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Обвинителството ја продолжува истрагата за пожарот, побаран притвор за уште едно лице

Обвинителството ја продолжува истрагата за пожарот во Кочани. Во притвор се 16 осомничени, а ќе се бара притвор за уште едно.
„И во текот на денешниот ден, со цел координација на активностите, во Кочани е и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски. Врз основа на обезбедените докази, се испитува улогата на 16 лица за кои обвинителството побара и обезбеди мерка 48-часовен притвор. Претрес денеска беше извршен и во просториите на Општина Кочани. Попладнево, до надлежниот суд, Основното јавно обвинителство Кочани ќе достави предлог за определување краткотраен притвор за уште едно лице“, велат од ОЈО.
Претходно, министерот Панче Тошковски, изјави дека уапсено е и лицето кое издало и потпишало проект дека дискотеката „Пулс“ во Кочани ги исполнува сите потребни услови за да добие лиценца за работа. Ова лице, како што кажа министерот, се товари за Тешки дела против општата сигурност во врска со предизвукување општа опасност.
Македонија
Тошковски: Началниците од Кочани и Штип се заменети со скопјани за да нема сомнежи и влијанија во истрагата

Разрешувањето на раководните лица во Кочани и Штип и нивна замена со службеници во Скопје, е со цел процесот да се одвива без притисоци, сомнежи или влијанија, објасни министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција.
Тошковски претходно во текот на денот донесе одлука за разрешување на пет началници, еден помошник-началник и еден командир од полицијата во Кочани и Штип.
„Во моменти како овие, клучно е инситуциите да работат со највисока транспаретност и професионалност, и затоа воспоставуваме оперативна поставеност која ќе овозможи целосна непристрасност со луѓе кои немаат лични или професионални релации со самата средина“, вели Тошковски.
Тој рече и дека началникот на кочанската полиција не меѓу лицата кои беа на распит деновиве, и ниту тој, ниту пак, началникот на СВР Штип засега не се предмет на распит.
Македонија
Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека во близина на дискотеката „Пулс“ е пронајден резервоар за нафта, но вели дека тој е целосно празен и немало никаква поврзаност помеѓу сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката.
Претходно се појавија информации дека постоела опасност од разорна експлозија поради резервоарот кој се наоѓал блиску до местото на трагедијата.
Од Обвинителството во текот на денот објавија дека при увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот, а сите други околности се испитуваат.