Контакт

Култура

Започна третата фаза од реконструкцијата на манастирот „Св. Архангел Михаил” во Прилеп

Објавено пред

Екипи на Заводот за заштита на споменици на културата и музеј – Прилеп започнаа со интензивна работа на третата фаза од темелната реконструкција на источниот конак на манастирскиот комплекс „Свети Архангел Михаил“ во Варош, Прилеп.
 

dobivaj vesti na viber

Во оваа завршна фаза се предвидуваат работи на изградба на кат, вообличување на објектот со покрив и изработка и вградување на столаријата.

 

„Работите се одвиваат според предвидената динамика, а со завршувањето на оваа фаза објектот ќе го добие својот конечен изглед, кој поради изведбата во камен во долниот дел,  се добива впечаток како да изникнува од самата карпа. Ваквиот впечаток  дополнително визуелно и естетски ја разубавува сликата за целиот манастирски комплекс сместен во подножјето на Марковите кули“, се вели во соопштението од Министерството за култура.

 

Според информациите новиот конак се гради на вкупна површина од 292 квадратни метри и треба да биде завршен најдоцна до 2015 година./крај/мф/ап

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Изложбата по повод 45 години од основањето на ФЛУ – Скопје ќе биде отворена до 16 мај

Објавено пред

Факултетот за ликовни уметности – Скопје информира дека ревијалната изложба поставена во Музејот на современата уметност, по повод 45-годишнината од основањето на факултетот, останува отворена за посетителите до 16 мај (четврток), 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Изложбата, која беше отворена на 3 април, во рамките на централниот настан за одбележување на 45-годишниот јубилеј на ФЛУ, претставува резултат на долгогодишната заедничка соработка меѓу Факултетот за ликовни уметности и Музејот на современата уметност, со цел да се одбележи богатото наследство и креативниот придонес на факултетот во развојот на македонската и регионалната уметничка сцена. Поставката симболично го прикажува континуитетот и еволуцијата на уметничките изрази што се развиваа во текот на четири и половина децении.

Изложбата прикажува избор на 45 дела од 45 автори, од колекцијата на МСУ, како и дела во сопственост на уметниците – наставен кадар на ФЛУ, почнувајќи од неговото основање до денес. Преку внимателно селектирани дела и архивски материјали, изложбата нуди ретроспективен поглед врз речиси половина век дејствување на ФЛУ како носител на ликовното образование и уметничка мисла во земјата.

Овој избор има за цел да ја отслика разновидноста на уметничките практики и правците што се развивале низ годините, нагласувајќи го нивниот континуиран дијалог со современите текови во уметноста. Преку оваа изложба, посетителите имаат можност да ги согледаат промените во визуелниот јазик и концептуалните пристапи што ги обликувале уметниците поврзани со ФЛУ, но и поширокиот уметнички контекст во кој тие твореле. Таа е и можност за новите генерации да се запознаат со историјата на институцијата, но и со нејзината улога во обликување на иднината на уметноста кај нас.

Прикажи повеќе...

Култура

Објавени наградите за меѓународниот книжевен фестивал „Отворен круг”

Објавено пред

Од

Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје денес ги соопшти наградите и признанијата за Меѓународниот книжевен фестивал „Отворен круг”.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот е традиционален и годинава ќе се одржи на 15 мај, со почеток во 12 часот, во Културниот центар „Феникс” во Скопје.

Како и минатата година, и годинава ќе бидат доделени вкупно седум награди и признанија и тоа: „Балкански книжевни видици” на писателот Селимир Радуловиќ (Нови Сад) – за меѓународни книжевни вредности и релации; „Отворен круг” на писателот Стефан Марковски – за иновации и експерименти во книжевноста; „Премостувања” на писателот Шаип Емерлаху – за презентација и афирмација на македонското литературно творештво на Фестивалот „Денови на Наим Фрашери” во Тетово; „Хаикин“ на писателката Елена Пренџова – за посебен придонес во Хаику поезијата; „Литературни координати” на писателката Роза Бојанова (Бугарија) – за соработка и доближување на литературите; „Македонски корени” на писателот Ивица Челиковиќ (Шведска) – за неговото литературно и преведувачко творештво и „Големиот Принц” на писателот Мито Спасевски – за придонесот на планот на литературата за деца и млади.

Прикажи повеќе...

Култура

„Ода на радоста“ – музичка посвета за Денот на Европа од Пламенка Трајковска

Објавено пред

По повод 9 Мај – Денот на Европа, македонската виолинистка Пламенка Трајковска потсетува на синглот „Ода на радоста“, инспириран од универзалните европски вредности на мир, заедништво и културна поврзаност.

dobivaj vesti na viber

Во духот на Бетовеновата музика и европското мото „Обединети во различноста“, оваа изведба не е само звучна интерпретација, туку порака на надеж и заедништво во време кога светот повеќе од кога било има потреба од сплотеност.

„Нека музиката не потсети дека Европа не е само географија – тоа се вредности што ги споделуваме и негуваме секојдневно“, вели Трајковска, која со години го поврзува класичниот израз со современ културен ангажман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Крупен град, силен ветер и пороен дожд: невреме го зафати Дојран

Пред 20-тина минути Дојран беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град, информираат...

Македонија2 часа

(Видео) Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра, велат од СДСМ

Денес јавно го презентираме во детали најголемиот урбанистички корупциски скандал што го видел Куманово во последните децении – организиран, координиран...

Македонија3 часа

Истрага за две грабнувања во Тетово, едната жртва било дете: на сила го внеле во возило и го удирале со тупаници и железна палка

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски на Денот на полицијата: Времето на пораките „ќе средиме“ и „ќе се јавам“ е завршено

Премиерот, Христијан Мицкоски, на Денот на полицијата – 7 мај, испрати порака дека нема компромис со криминалот. Според него, корупцијата...

Македонија4 часа

Косово неоправдано задржува македонски камиони на границата, соопшти Стопанската комора

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за неоправданото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на...

Македонија6 часа

„Кога на моќниците ќе им застаруваат криминалите – сетете се дека ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за крај на таквата неказнивост“, велат од партијата Левица

„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја покажа својата намера кога зборува за „реформи во судството“ – наместо вистински промени, тие бараат свои...

Свет6 часа

(Видео) Бајден го даде првото интервју по напуштањето на Белата куќа: Глупаво е да се мисли дека Путин ќе застане на Украина

Џо Бајден, во своето прво интервју за Би-би-си откога ја напушти Белата куќа, изјави дека притисокот на администрацијата на Доналд...

Европа7 часа

Кардиналите влегуваат во конклавата попладнево, се избира нов папа

133 кардинални електори ќе влезат во Сикстинската капела денес попладне и зад заклучени врати, целосно изолирани од надворешниот свет, ќе...

Свет7 часа

(Видео) Се појавија првите снимки од нападот на Индија врз Пакистан

Тензиите меѓу соседните земји со нуклеарно оружје, Индија и Пакистан, драматично ескалираа откако Индија вчера вечер ја започна својата воена...

Свет8 часа

Пакистанскиот премиер: Подмолниот непријател изврши кукавички напад, овој гнасен чин на агресија нема да остане неказнет

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф вечерва објави официјално соопштение во кое остро ги осуди индиските воени напади. „Подмолниот непријател изврши кукавички...

Свет8 часа

(Видео) Трамп за нападот на Индија врз Пакистан: Штета, штотуку го слушнавме тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му е жал што Индија го нападна Пакистан. „Штета. Тукушто слушнавме за тоа, токму...

Свет8 часа

Индија го нападна Пакистан; Пакистан: Ова е срамен и кукавички напад

Индиската влада вчера вечер потврди дека нејзините сили извршиле воени напади на вкупно девет локации во Пакистан и дел од...

Македонија21 час

Уважена жалбата на Асмир Јахоски: излегува од притвор со парична гаранција

Апелациониот суд Скопје информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KСЖ-406/25, на нејавна седница одржана на ден 06.05.2025 година, ја уважиl...

Македонија24 часа

Обвинение против вкупно 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 7 лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба...

Македонија1 ден

(Видео) Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение, обвини СДСМ

Граѓаните се соочуваат со нови ценовни шокови по маркетите и продавниците. Цените повторно се покачени по истекот на мерката за...

Топ1 ден

10-годишно девојче со тешки повреди донесено во болница во Прилеп: со возило ја прегазил нејзиниот 7-годишен брат

Вчера во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилеп било пријавено дека кај нив со...

Топ1 ден

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: незаконски вработил вкупно 127 лица

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на...

Македонија1 ден

Пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град: УХМР најави невреме за среда

Од УХМР известуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде...

Македонија1 ден

„Пливачите останаа на цедило – министерот Борко плива во тишина и безидејност“, велат од партијата Левица

„Министерот за спорт, Борко Ристовски се нама огласено по затворањето на базенот „Борис Трајковски“, а ветуваше брзо и ефективно решавање...

Македонија1 ден

Обвинение против 59-годишник за полов напад врз дете: го допирал малолетникот во парк во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе обвинение против 59-годишник кој се товари за полов напад врз малолетник,...