Забава
Торинското платно повторно изложено во храм
Торинското платно од неделата повторно е изложено во катедрала на северниот италијански град според кој го добило името и до 24-ти јуни ќе биде достапно за јавноста поделена околу автентичноста на оваа реликвија за којашто верниците тврдат дека во неа било завиткано телото на Исус Христос по симнувањето од крстот, а скептиците дека е средновековен фалсификат.
Разгледувањето во катедралата на „Свети Јован Крстител“ во Торино е бесплатно, но термин мора да се резервира, бидејќи досега се пријавиле повеќе од милион луѓе. Последен пат платното беше изложено во јавноста во 2010 година, и тогаш го погледаа повеќе од 2,5 милиони луѓе.
И поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск ќе го разгледа Торинското платно, а неговата посета е предвидена за 21-ви јуни. Платното ќе биде изложено во ковчег со строго контролирани климатски услови 12 часа на ден.
Се верува дека во платното било завиено Христовото тело, а скептици велат дека според некои резултати од анализа со јаглерод, тврдат дека ткаенината е средновековен фалсификат од XIV век.
Црквата официјално не тврди дека телото на Христос било замотано во платното, туку акцентот го става на тоа што оваа реликвија значи за верниците. „Платното одржува јасен и точен начин на кој во Библијата се опишани маките и смртта на Христос“, изјави во репортажата на BBC надбискупот на Торино, Чезсаре Носиља, и појаснува дека платното „ не е предмет на верата ниту на обожувањето, но тоа може да 1 помогне на верата“.
Многумина коишто ќе го разгледа платното се верници кои го виделе пред пет години, а тоа значи дека сакаат „да го обноват неверојатното искуството кои го доживеале кога првпат го виделе“, додава Носиља. „Ќе дојдат и луѓе кои не се верници. Тоа е можноста луѓето да се зближат“, вели набдискупот.
Таканареченото „Свето платно“ или Торинскиот покров е ленена тенка покривка на која по дваесетина векови се задржал отисокот од лице на млад маж со брада, за кој последните форензички испитувања навестуваат дека бил мачен, тепан и распнат на крст. Особено во католичкиот свет е распространето верувањето дека токму во ова платно бил замотан Исус Христос по симнувањето од крстот и според тогашните обичаи во Јудеја.
Барбара Фрале, историчарка специјализирана за нивното проучување, во своето дело „Темпларите се молеле над ликот од Исус“ објавено во 2009 година, во издание на книгоиздателството Мулине наведува дека во списите во кои се забележани процесите со кои темпларите се означени како еретици, го нашла и обвинението дека му се поклонувале како на идол на отисокот од брадест маж, кој кај ватиканските власти во тоа време бил забележан како „Бафометус“, што во превод од латински би било кованица од латинскиот збор за мустак и од името на муслиманскиот пророк Мухамед. При испитувањето во 1287 година штотуку примениот во редовите на темпларите припадник на богато француско семејство Арно Сабатје признал дека неговиот претпоставен старешина во редот (прецепрот) му покажал долго ленено платно и го присилил да го обожува бакнувајќи го трипати местото каде имало отисок од стапалата, стоело во белешките коишто ги истражувала Фрале.
Фрале вели дека е убедена дека тоа бил Исус и дека станува збор за вистинскиот покров со кој тој бил покриен и дека тоа претставувал доказ за побивање на ереста на катарите, исто така монашки ред прогонува за ширење ерес од страна на Ватикан. Имено, катарите тврделе дека Исус е бестелесен, Светото платно служело за докажување на двете природи на Христов, Божјата и човечката.
Според историските истражувања Светото платно, Маргарит д’Шарни го продала на Савојската династија која го чувала во нејзиниот центар во градот Шамбери. По пожарот во кој покровот бил оштетен, а според легендата чудото влијаело тоа да остане само малку оштетено додека се’ околу него целосно изгорело, тој бил пренесен во новото седиште на династијата во сега италијанскиот град Торино. Во 1983 година, тогашниот челник на Савојската династија, симнатиот италијански крал Умберто Втори, го оставил во наследство на Папата Јован Павле Втори.
Автентичноста на Светото платно со векови е предмет на расправи. Со анализа направена на јагледовороден изотоп 14, се смета дека платното настанало меѓу 1260 и 1390 година.. Отисоците од паричките ставени на очите на покојникот кој бил покриен со лененото платно датираат од периодот кога и Исус бил распнат на крстот, додека испитувањето на остатоците од поленот останат во влакната на ткаенината покажале дека престојувало во Палестина.
Историјата на Торинскиот покров се забележува од VI век, кога во историските списи е забележано дека во тогашниот град Едеса (денес Урфа во Турција) се чува „мандилион“, платно со отисок на лицето од Исус. Во поново време се верува дека станува збор за Светото платно кое било здиплено на врвот да го имa отисокот од лицето.
Кога османлиите муслимани во 844 гoдина го напаѓаат овој град, ткн. мандилион бил пренесен во тогашен Константинопол од каде до 1204 година му се губи секоја трага. Според теоријата на Јан Вилсон од 1978 година, историчар од универзитетот Оксфорд, таа година при крстоносните походи, витезите темплари го одземаат од поседот на византиските императори. Таа година при Крстоносните војни Константинопол е разрушен и целосно ограбен.
Витезот Геофроа д’Шарни во 1953 година го подарил ова платно на црквата во градот Лиреи./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

