Македонија
Со кавги се опструира Надзорната расправа за поплавите
Надзорната расправа за поплавите во Скопско што се одржува во Собранието во петок, почна со тензичната атмосфера помеѓу членовите на различни политички партии, по што дојде до кавга за начинот на кој се води расправата, па е прекината со паузи.
Расправата е по барање на пратениците на СДСМ во Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Првата пауза од еден час ја побараа пратениците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, за втората од половина час да ја побара исто така, владејачката ДУИ. Поради тоа, пратениците од СДСМ сметаат дека владејачките партии ја опструираат расправата, со цел никој да не понесе одговорност за жртвите и штетите од поплавите на 6 август годинава што зафатија повеќе скопски села.
Двете различни политички страни ги судрија ставовите околу тоа како треба да се распределат 15-те минути во кои треба да сведочат повиканите.
Според планираното, треба ќе бидат сослушани 30 сегашни и поранешни функционери, меѓу кои и четворица поранешни премиери во чии мандати беше градена обиколницата од 2002 до 2006 година.
Во Собранието се дојдени вицепремиерот Никола Тодоров, како шеф на Кризниот штаб на Владата, Оливер Ромевски, директорот на УХМР, Михаил Цветков, министерот за земјоделство, Тони Мартиновски, директорот на „Скопско Поле“, Жарко Караџоски, директорот на „Македонски шуми“, Коце Трајановски и Тони Трајковски, градоначалниците на Скопје и на општина Гази Баба, кои треба да бидат сослушани денеска.
По барање на пратениците на СДСМ покана е испратена до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како сведоци ги повикаа поранешните премиери од СДСМ Бранко Црвенковски, Хари Костов и Владо Бучковски.
Поранешните премиери најверојатно ќе бидат сослушани следната недела./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

