Забава
Најдолгиот багет на светот го испекоа во Италија
Најдолгиот багет на светот, долг 122 метри, е испечен во неделата во пекарница во Милано на светската изложба Експо 2015, потврдија во понеделникот судиите од Гинисовата книга на рекордите.
Околу 60 француски и италијански пекари речиси седум часови потрошија во неделата за да го направата ова француско печиво за кое карактеристична е крцкавата корка и меката внатрешност. Багетот го печеа со помош на подвижна печка којашто ја влечеа по должина на приготвеното тесто.
Пекарите го печеа багетот со ритам од дваесеттина метри на час, а најголемиот предизвик им беше да се избегне пукањето на печивото, поради разликите во температурата, рече Доминик Анракт, еден од пекарите и сопственик на париската пекарница „La Pompadour“.
Во подвигот со кој е надминат досегашниот рекорд во категоријата „најдолг багет“ од 111 метри на еден француски супермаркет, помогнаа и мајсторите од италијанскиот кондиторски производител на познатиот крем Nutella. Откако судиите го потврдија рекордот, багетот беше намачкан со слаткиот крем и поделен на стотиците посетители на Експо кои го прославија рекордот.
Претходно на миланскиот Експо 2015, кој по шест месеци ќе биде затворен на 31-ви октомври, беа надминати четири рекорди меѓу кои уште еден кулинарско-пекарски рекорд, кога беше испечена пица долга 1.5954 километри./крај/мф/сн
Извор: Associated Press
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од чипка
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на „Saturday Night Live“ по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната „Madeline“ и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето „правило“.
За сцената, таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни стајлинзи на Дакота Џонсон, поради кои речиси ја остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се вери
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Џуниор, се вери со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а наскоро се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата нова свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е трет пат Доналд Трамп Џуниор да се вери. Претходно 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина започна минатата година, приближно во исто време кога Дон Џуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос
Забава
(Фото) Кралицата на латексот повторно се „стегна“ во фустан и го покажа своето совршено тело
Позната по своите атрактивни изданија, ријалити ѕвездата Кајли Џенер повторно го привлече вниманието на јавноста. Фотографите неодамна ја фотографираа на едно вечерно излегување, а за таа пригода таа одлучи да облече уште еден фустан од латекс.
Kylie Jenner parties in red latex dress after quashing Timothée Chalamet breakup rumours https://t.co/k2Ja3gFvYz
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) December 14, 2025
Ова е модел кој ги „прегрнува“ сите женски облини и ја нагласува нејзината витка фигура. Фустанот има и отворен грб, а овој детаљ дава доза на софистицираност на нејзиниот изглед.
KYLIE JENNER pic.twitter.com/t25j77E6f4
— acervo kylie jenner (@acervokyjenner) December 14, 2025
Својот стил го надополни со шминка во голи тонови од нејзината колекција за убавина „Kylie Cosmetics“, а своите долги црни прамени ги остави слободно да паѓаат по грбот.

