Македонија
Караџовски: Одговорноста при носењето на одлуките на судиите е индивидуална

Новиот претседател на Судскиот совет, Зоран Караџовски, кој претходно во вторникот едногласно беше избран за претседател како единствен кандидат, во изјава за медиумите вели дека генерално судството и судските одлуки се во ред и дека одговорноста треба да биде посочена индивидуално, со име и со презиме.
Неговиот пристап при разгледувањето на работата на судиите, како што вели, отсекогаш бил да се оценува индивидуалното постапување на секој судија. Одговорноста при носењето одлуки од страна на судиите е на секој индивидуално, како за судиите така и за новинарите и во сите професии. Не постои колективна одговорност, потенцира Караџовски.„Мојата забелешка, на многу коментари дека ништо не чини, отсекогаш била дека одговорноста треба да биде посочена конкретно, со име и презиме, и сметам дека, генерално, судството и судските одлуки се во ред. Постапката за одлучување се знае каква е, и Судскиот совет не е орган кој го цени квалитетот на судските одлуки“, вели Караџовски.Не сакаше да ги коментира одлуките на Основниот суд Скопје 1 Скопје кои се однесуваат на предлозите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за определување мерка притвор во случаите за кои тоа поведе истрага.Новиот претседател на Судскиот совет вели дека не му е позната практиката за избор на судии според „партиски тефтерчиња“, состојба која беше спомената во прислушуваните разговори кои ги објавуваше опозицијата.„Јас и на јавни собири се имам произнесено во врска со ткн ‘бомби’ и не можам да зборувам за претходната практика. Такви работи не ми се познати, и секако дека најенергично ќе се спротиставам на какви и да се влијанија и притисоци што ќе се види од натамошната моја работа“, рече Караџовски./крај/мф/
Извор: Академик
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски: Семејствата и блиските на повредените можат бесплатно да се сместат во скопските хотели

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје.
„Семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје. Ја поздравувам иницијативата што ја реализираат скопските хотели за бесплатно сместување. Во овие тешки моменти најважни се солидарноста и поддршката од сите, да им помогнеме на нивните родители, фамилии, пријатели колку што можеме повеќе! Граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 073 821 120”, истакнува Герасимовски.
Македонија
Г.г Стефан: Утеха на семејствата и блиските, но и на сите нам, нека ни биде верата дека споменот на праведниците е вечен

Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан изрази сочувство.
„Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија со исклучителна тага и жал ја прими злокобната вест за огромната трагедија во Кочани, во која животот го загубија голем број на наши млади чеда, а уште многумина се борат за живот.
Но, и во овие мигови на непоимлива скрб, да не заборавиме дека Бог е Бог на живите и дека во Него нема мртви. Оттаму, иако е невозможно да се најдат човечки зборови за утеха, сепак, утеха на семејствата и блиските, но и на сите нам, нека ни биде верата дека споменот на праведниците е вечен и дека тие вечно ќе постојат во Вечноживиот Бог.
Се молиме Троединиот Бог – Богот на љубовта, да ги прими душите на невино постраданите Свои чеда во Едемската градина, а на нивните најмили да им даде утеха и сили, испраќајќи им ја Својата небесна закрила.
На повредените, пак, Бог – Лекарот на сѐ, да им дарува брзо закрепнување и исцеление“, стои во соопштението.
Македонија
Повеќето од починатите, загинале во стампедото во дискотеката, кажа директорка на општата болница во Кочани

Кристина Серафимова директорка на општата болница во Кочани изјави дека првиот повик бил во 2 часот и 48 минути на брза помош со назнака дека во дискотеката имало пожар.
„За 15-30 минути беа мобилизирани сите, кои се јавија на работа иако не беа. Пациентите што пристигнаа беа на возраст од 16 до 24 години. Најмногу имаше со изгореници и со интоксикација со јаглероден моноксид. Тука се направи првата тријажа на пациентите кои беа препратени до Клиничката болница Штип првично. Многу ни помогна и од соседните здравствени домови, Клиничката болница Штип испрати свое возило и од брзата помош од Скопје. Пациентите беа пренесени во најкус можен рок. Оние кои беа со помали изгореници од прв степен беа задржани во кочанската болница, сите други беа препратени, првично во Клиничката болница Штип, а тие со изгореници од 3 и 4 степен беа однесени во Скопје“, изјави Директорката на општата болница во Кочани.
Таа додаде дека моментално во таа болница има 12 пациенти и се во стабилна состојба, а другите се испратени во другите клиники.
„Повеќето од пациентите кои се починати, починале во стампедото кое што е направено при паниката во такви услови. Најпрво паничен напад, почнале да излегуваат од влезот“, кажа директорката.
Пациентите се од повеќе градови од Македонија.