Забава
Кинезите законски се обврзани да ги посетуваат старите родители

Кинезите ќе мора да ги посетуваат своите остарени родители или ќе се соочат со глоба па дури и затворски казни, се наведува во текстот од новиот кинески закон кој стапи на сила од почетокот на седмицава.
Кинеската влада со „законот за правата на старите“, се обидува да го реши се` поголемиот проблем на осамените стари лица, така што на нивните возрасни деца им наметнува обврска да ги посетуваат.
Законот наложува дека децата мора да се грижат за „духовните потреби“ на своите родители и дека не смеат да ги занемаруваат.
Овој пропис веќе стана предмет на исмејување на кинеските социјални мрежи и многу од помладите се прашуваат како ќе се спроведува, бидејќи во законот не е пропишана фреквенцијата на посетите на родителите. „Оние коишто живеат далеку мораат често да патуваат во родителскиот дом“, се вели, на пример, во законот.
Меѓутоа, кинеските правници сметаат дека законот не е „мек“. Прво на јавноста и` испраќа „едукациска порака“, а, второ, служи како почетна основа за можни тужби, вели за британскиот радиодифузер BBC адвокатот Жанг Јан Фенг. „Тешко ќе може да биде спроведуван во практиката, но не е и невозможно“, вели Жанг.
„По подигнувањето на тужба, судот може, технички зборувајќи, да пропише колку пати месечно одредено лице мора да ги посети родителите“, Доколку го прекрши тоа, може ли да биде казнето или затворено“, вели адвокатот.
Меѓутоа, како што забележува BBC, малкумина во Кина стравуваат дека ќе завршат зад решетки доколку не ги посетуваат родителите.
Според официјалната статистика на земјата, повеќе од 178 милиони Кинези се постари од 60 години, а до 2030 година оваа бројка двојно ќе се зголеми./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Концерт на групата „Гром“ во „Хераклеја“, специјален гостин Ален Славица

Македонската група „Гром“ со концерт на 2 јули на „Хераклеја“ ќе одбележи јубилеј, 45 години на музичката сцена.
„Гром“ се присутни на македонската музичка сцена од младинските рок гитаријади во 70-те, до Скопскиот фестивал, Мак Фест итн.
Концертот ќе почне во 21 часот, а настанот е во рамките на БИТ ФЕСТ 2025.
Специјален гостин на концертот ќе биде познатиот хрватски пејач Ален Славица.
Влезници по цена од 300 преку мкtickets, како и на билетарата на Хераклеја.
Забава
Знаци што покажуваат дека не внесувате доволно протеини

Често слушаме колку е важно да внесуваме доволно протеини, но многу луѓе сè уште се прашуваат дали ги задоволуваат своите дневни потреби.
Протеините се клучни за поправка на клетките, одржување на мускулите, хормонска функција и имунитет.
Ако не внесуваме доволно, може да се појават разни симптоми, кои често се игнорираат или им се припишуваат на други причини. Препорачаното дневно внесување е 0,8 грама на килограм телесна тежина, но вистинските потреби зависат од возраста, нивото на активност и од здравјето.
Луѓето во одредени животни фази, како што е перименопаузата, честопати имаат потреба од поголемо внесување. Нутриционистите Ребека Блејк, Тамар Самуелс и Даниел Пашко објаснуваат кои знаци може да укажуваат на недостиг на протеини.
Постојан глад
Ако не внесуваме доволно протеини, можеме да се чувствуваме како постојано да сме гладни, вели Самуелс.
„Зголемениот апетит може да биде природен начин на телото да се обиде да го зголеми внесувањето протеини за да ги задоволи своите нутритивни потреби“, објаснува таа за Параде.
Глад може да се појави и ако внесуваме доволно калории, но не доволно протеини.
Проблеми со косата, ноктите и со кожата
Бидејќи косата, ноктите и кожата се направени од протеинот кератин, недостигот може да предизвика видливи промени. Пашко истакнува дека недостигот на протеини може да доведе до опаѓање на косата и кршливи нокти, а Блејк додава дека кожата може да стане сува.
Според „УКЛА хелт“, сето ова се индикатори за недостиг на оваа важна хранлива материја.
Ненамерно губење тежина
Кога на телото му недостигаат градежните блокови за одржување на мускулната маса и на ткивото, може да се случи ненамерно губење тежина.
„Луѓето што јадат малку протеини често губат тежина иако не сакаат, што укажува на недоволно внесување“, истакнува Самуелс.
Блејк додава дека ниските нивоа на протеини исто така може да предизвикаат губење на мускулите, што дополнително влијае на телесната тежина.
(Фото: ЕПА)
Забава
(Фото) Ријана обожава да привлекува внимание, дури и во поодмината бременост

Познатата пејачка Ријана го очекува своето трето дете, но тоа не ја спречува сè уште да биде една од најсексапилните жени на јавната сцена.
Иако во последно време изненадува повеќе со провокативни фотографии за промоција на својата колекција, Ријана е сè уште една од омилените пејачки.
Овој пат, папараците ги фотографираа неа и нејзиниот партнер на пат кон ноќен клуб во Париз. Тие се потрудија да ги усогласат своите екстравагантни модни комбинации, а пејачката, во поодмината бременост, предизвика вистинска возбуда.
Ријана носеше црн фустан, кој има прорезови по целата должина, па затоа нејзината долна облека беше целосно видлива, како и нејзиниот труднички стомак.
Овој пар привлекува внимание на секој чекор, а Ријана покажа и во претходните бремености дека тоа воопшто не ја спречува да биде најпровокативната и најекстравагантна жена.