Македонија
Јанева пред Советот на обвинители ќе каже зошто отстранила две обвинителки

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во понеделник, во 11 часот, пред комисијата во Советот на јавни обвинители, ќе образложи зошто од нејзиниот тим се отстранети обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска.
„Специјалната обвинителка Катица Јанева ќе се јави на поканата од Советот на јавни обвинители и пред комисијата ќе ја образложи својата постапка, која целосно е во согласност со законот. Не е спорно дека Советот има законско право да поставува прашања за работата на Специјалното обвинителство“, изјавија од специјалното обвинителство.Во Советот на јавни обвинители, нема да биде тема кривичната пријава од приватно лице против тројца обвинители од специјалното обвинителство, за малтретирање во вршење на службата. Лицето кое ја поднело тужбата, а чиј идентитет не се открива, тврдело дека обвинителите му се заканувале и се обидувале да изнудат изјава од него.Од Специјалното обвинителство ги отфрлаат наводите во кривичната пријава и тврдат дека обвинителите постапуваат во согласност со своите процесни овластувања.
„Сите обвинувања за притисоци и закани врз одредени лица во текот на постапката на истражување се неосновани. Тој што тврди поинаку треба и да докаже“, велат од таму./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герапетритис разговарал со Муцунски, изразил подготвеност Грција да обезбеди помош во врска со несреќата во Кочани

Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, утринава телефонски разговарал со шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во врска со несреќата во Кочани.
На својот македонски колега му изразил сочувство за жртвите во несреќата во која загина 51 лице, а околу 100 други се повредени.
Шефот на грчката дипломатија, како што јавуваат локалните медиуми, за време на телефонскиот разговор со Муцунски изразил подготвеност Грција да обезбеди секаква неопходна помош, вклучувајќи и спасувсчки тимови и медицинска помош.
Во меѓувреме се огласи и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој изрази искрено сочувство до Македонија во врска со несреќата во Кочани, повторувајќи ја подготвеноста на Грција да пружа помош.
„Срдечно сочувство до народот на Северна Македонија за загубените животи во трагичниот пожар во Кочани. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. Грција е подготвена да помогне во ова тешко време“, пишува Мицотакис во објава на Икс.
Македонија
(Видео) Пред болницата Св. Наум Охридски се читаат имиња на повредените и ги пуштаат родителите да ги видат во групи од по неколкумина

Во моментов пред болницата Св. Наум Охридски се читаат имиња на повредените и ги пуштаат родителите да ги видат во групи од по неколкумина.
Црвениот крст донесе вода.
Рампите за паркинг се кренати, паркирањето е бесплатно.
Во оваа болница се хоспитализирани 29 пациенти.
Сиљановска Давкова во изјава за медиуми пред „Св.Наум Охридски“ изрази уверување дека повеќето што се повредени ќе се спасат.
-Ништо не можам да кажам, страшно. Знам дека тоа се млади храбри луѓе. Верувам дека повеќе од нив ќе се спасат лекарите се тука. Не можам да сфатам како е можно ова се случи, рече Сиљановска Давкова.
Таа истакна дека ја споделува болката со родителите, додајќи дека не може да поверува како ова се случило.
-Ова е нешто мора однапред да се предвиди, бидејќи не е првпат да сме се соочиле со вакво нешто, рече Сиљановска Давкова.
Македонија
Стефковски: Сместување за семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје

Oпштина Гази Баба во координација со Владата на Република Македонија, а во соработка со ДУЦОР Партенија Зографски и Студенскиот дом Томе Стефановски Сениќ обезбедува сместување и храна за членовите на семејствата кои имаат свои повредени на лекување во болниците во Скопје.
На секој граѓанин на кого му е потребно сместување и престој во Скопје може да се јави на следните телефонски броеви:
Игор Петрески – 075430106 претставник на ДУЦОР Партенија Зографски
Иван Симоновски – 078292582, директор на Студенскиот дом Томе Стефановски Сениќ
Перица Пешевски – 075336338 претставник на општина Гази Баба