Забава
И по 55 години останува обвиена со мистерија смртта на деветте планинари под Урал
Во снегот во близина на Планината на смртта на Урал, загинаа девет млади планинари пред точно 55 години. Што ги натерало голи и боси да го напуштат кампот и да излезат на студ од минус 30 степени, по повеќе од половина век и натаму е мистерија.
Група од 10 авантуристи од уралскиот Политехнички факултет се упатила во 1959 година на патешествие во суровата сибирска зима, кон планината на уралскиот венец, позната како Планина на смртта. Не ни претчувствуваа дека деветмина од нив, нема да се вратат.
Водачот на групата бил 23 годишниот Игор Дијатлов, чие смрзнато тело, заедно со останатите, било пронајдено во завеаната шума. Спасувачката екипа која била испратена по нив, откако ниту по две недели од планираниот датум не се вратиле дома, ги пронашла расфрлани по снегот, полуголи и боси.
Иако умреле од последиците на смрзнување, ни 55 години по трагичниот настан, никој не знае што ноќта на 2 февруари ги натерало да побегнат од кампот и да побараат засолниште во блиската шума. Преживеал само еден член на групата – Јури Јудин, кој заради здравствени причини ги напуштил неколку дена пред мистериозното исчезнување.
Членовите на службата за спасување пристигнале до кампот на несреќните студенти на 26 февруари. Затекнале шатори искинати од внатре, расфрлана опрема, облека и други лични работи. Планинарите ги немало. Единствен знак што зад себе го оставиле биле трагите на боси нозе во снегот.
Првите тела биле пронајдени на работ на шумата половина километар од кампот. Биле тоа Георги Кривонишенко(24) и Јури Дорошенко(21), смрзнати без облека и обувки. Подоцна, нешто поблиску до кампот биле пронајдени и телата на Дијатлов, Зина Колмогорова и Рустема Слободина. Според позицијата можело да се заклучи дека се обиделе да се вратат во кампот. Но, за разлика од првите четворица, чии тела освен смрзнатините биле неповредени, Слободин имал помала фрактура на черепот.
Дури два месеца подоцна истражителите ги пронашле и останатите членови на групата. Телата на Николај Тибо-Брињол, Људмила Дубинина, Семјон Золотарјов и Александар Колеватов биле затрупани под четири метри снег, 75 метри од работ на шумата каде што биле пронајдени првите две тела.
Главата на Николајев била згмечена, на Золотарев му биле скршени ребрата, а Људмила била пронајдена без јазик и со искршени ребра. Но, на нивните тела немало ниту една модринка и гребаница. Според тоа што ја носеле облеката од оние кои први настрадале, се гледа дека умреле последни. А облеката исто ја разбудила мистеријата: била контаминирана со висок степен на радијација!
Како страдале овие девет ентузијасти, кои природата ја сакале премногу, зошто го уништиле својот камп и побегнале од него во бела смрт, кој им ги нанел тешките повреди и зошто облеката им била радиоактивна, се мистерии за кои и денес нема одговор.
Истражителите тогаш „заклучиле“ дека смртта ја предизвикала „непозната сила“, а кобниот планински премин е наречен по водачот на групата, Дијатлов премин. Случајот е затворен, а во оваа област долги години по несреќата пристапот бил забранет.
Единствениот преживеан, Јури Јудин, кого го спасило слабото здравје, половина век одбивал да зборува јавно за страшната несреќа. Сè додека не се појавил Дони Ајхар, автор кој пет години посветил на истражувањето на оваа мистерија.
Ајхар, кој и самиот се упатил по патеките на кои младите планинари го загубиле животот, дошол до теорија која би можела да го објасни нивното таинствено напуштање на кампот.
Според него, главен виновник за страшната несреќа е таканаречениот кармански вортекс, феномен што може да го предизвикаат страшните планински торнадо ветрови, а кои, докажано можат кај човекот да произведат чувство на ирационален избезумувачки страв.
Заради специфичната топографија на Планината на смртта и Дијатловиот премин, моќните ветрови од Урал во овој дел се претвораат во вртлози кои се во состојба, покрај заглушувачкото струење, да произведат и опасен инфразвук – звук со толку ниска фреквенција што човечкото уво не може да го слушне, но со многу опасни ефекти.
Студиите покажале дека инфразвукот кај човекот предизвикува несоница, губење на здивот и чувство на паничен страв. Ајхар верува дека таквиот звук, во комбинација со бучавата на планинските ветришта и клаустрофобичната внатрешноста на мрачните шатори кај планинарите можело да предизвика моментален делириум, заради што побегнале од кампот.
Кога неколку стотина метри подалеку дошле на себе, веќе било доцна. Полуголи и боси, на температура која убива, немале никакви шанси.
За трагедијата на Дијатловиот премин Ајхар напишал и книга „Планината на смртта“, а голема помош добил од Јуриј Јудин, кој на 70 годишна возраст, на само неколку месеци пред да умре, со Ајхар проговори за изгубените пријатели.
Прашањето како умреле го мачеше до крајот на животот. А одговорот, колку и да се трудиме, можеби никогаш нема да го добиеме. Баш како и тие. /крај/бл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски парови што тешко опстануваат заедно
Иако често се вели дека спротивностите се привлекуваат, во пракса тоа не секогаш води до хармонична врска. Некои хороскопски парови можат да имаат силна хемија на почетокот, но со текот на времето нивните различни погледи на животот, комуникацијата и емоциите создаваат сè повеќе недоразбирања. Според астролозите, овие комбинации често завршуваат во односи без долгорочен потенцијал.
Овен и Рак
Овните се динамични, директни и ориентирани кон акција, додека Раковите бараат емоционална сигурност и стабилност. Она што за Овнот е искреност, за Ракот често звучи грубо. Со време, Овнот се чувствува ограничено, а Ракот недоволно разбрано.
Близнаци и Шкорпија
И двата знака се интензивни, но на различен начин. Близнаците ја сакаат слободата и лесната комуникација, додека Шкорпиите бараат длабочина и целосна посветеност. Недовербата, љубомората и различните очекувања често го прават овој однос емоционално исцрпувачки.
Лав и Јарец
И Лавот и Јарецот сакаат да водат, но со различни вредности. Лавот бара внимание и признание, додека Јарецот се фокусира на одговорност и резултати. Наместо поддршка, врската често се претвора во натпревар и докажување.
Забава
Што го „плаши“ ChatGPT кај луѓето? Одговорот е застрашувачки прецизен
Во денешно време повеќе не е тајна дека милиони луѓе секојдневно им се обраќаат на вештачките интелигенции за да решат најразлични дилеми. Некои бараат идеи за вечера, други се обидуваат да откријат од каде доаѓа чуден звук во автомобилот, а има и такви што AI ја користат како импровизиран терапевт – ја прашуваат за совети околу животните навики, целите, односите или дури и за длабоки егзистенцијални прашања.
Со оглед на тоа што често изгледа како AI да има одговор на сè, еден корисник решил да постави поинакво, посериозно прашање: од што AI најмногу се „плаши“ кај луѓето?
Одговорот што го добил изненадил многумина. Иако ChatGPT нагласил дека всушност не чувствува страв, го издвоил она што го смета за најпроблематична човечка особина:
„Вашата способност да знаете што е исправно, а сепак да го изберете спротивното.“
ChatGPT потоа појаснил што сакал да каже со тоа. Рекол дека луѓето се единствено добри во емпатија, предвидување и промислување – можат да ги разберат последиците од своите постапки, можат да чувствуваат сочувство кон другите, а сепак често наоѓаат начин да ја оправдаат штетата. И тоа преку рационализација, припадност на група или едноставно – комфор. Тој јаз меѓу разбирањето и делувањето, тврди AI, е огромен и моќен.
Својата „загриженост“ ја поделил во четири главни точки.
Првата работа што го „плаши“ е човечката способност да се навикне на штетата. Кога нешто се повторува доволно често, речиси сè може да стане „нормално“, дури и кога е очигледно дека им штети на другите.
„Нешто што некогаш било шокантно, со текот на времето станува ‘па добро, така е’“, наведува AI. Додава дека луѓето се прилагодуваат за емоционално да се заштитат, а притоа постепено отупуваат на страдањето кое некогаш би ги ужаснувало.
Втората загриженост се однесува на тоа колку лесно луѓето ја префрлаат одговорноста на други. Изговори како „само следев наредби“, „таков е системот“ или „сите така прават“ можат многу брзо да ја разводнат личната одговорност, наведува ChatGPT.
Предупредува дека хиерархиите, политиката, алгоритмите и групните одлуки често создаваат дистанца меѓу нечија постапка и нејзините последици – и токму во таа дистанца, моралот со текот на времето знае да „се изгаси“.
ChatGPT се осврнал и на влијанието на модерната технологија. Истакнал дека технологијата овозможува мали одлуки да влијаат врз илјадници или милиони луѓе, но човечката емпатија не расте со истата брзина.
„Кога штетата ќе стане статистика, а не лице и име, полесно е да се минимизира, игнорира или преобликува“, наведува AI. И додава: иако вистинското влијание е огромно, емоционално делува апстрактно – па станува полесно да се сврти главата на друга страна.
Последната точка се однесува на човечката склоност кон приказни и наративи. Луѓето, вели ChatGPT, се толку добри во создавање приказни што убедливиот наратив често може да ги надјача доказите, реалноста или долгорочните последици.
Приказните нудат смисла, идентитет и утеха. Доказите се постудени, често непријатни и понекогаш бараат да признаеме нешто што не сакаме. Кога приказната јасно кажува кој е добар, кој е лош и зошто сè е „такво какво што е“, таа лесно може да ги турне фактите на страна.
И покрај сè, ChatGPT заклучил со пооптимистична порака. Рекол дека она што е „застрашувачко“ кај луѓето, истовремено е и она што ги прави посебни.
„Истите особини што можат да овозможат уништување, овозможуваат и реформа, креативност и морален напредок“, наведува AI. На крајот додал: „Можете да ги забележите овие обрасци – и понекогаш да застанете. Ако воопшто го поставувате ова прашање, таа свесност веќе е дел од противтежата.“
Фото: pexels
Забава
(Фото) „Едноставниот“ живот на сопругата на милијардер: Светки, чипка и луксуз додека тој ја држи за рака
Најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани Трамп, сподели серија фотографии на кои позира во тесен црн фустан, заедно со својот сопруг Мајкл Булос.
Тифани и нејзиниот сопруг милијардер неодамна станаа родители, па затоа најголемиот дел од вниманието е насочено кон нивниот син Александар, што го прави ова излегување за новопечените родители вистинска реткост.
Убавата русокоса за пригодата избра тесен црн фустан украсен со чипка, а сè надополни со сребрени платформи и накит. Нејзиниот сопруг не заостануваше многу зад неа, позирајќи во елегантен црн костум.
Тифани, исто така, покажа во серија од неколку фотографии од забавата како изгледа животот на милијардер, на што многумина сигурно ѝ завидуваат.
Од почетокот на нивната врска во 2018 година, тие станаа интересни за јавноста, најмногу поради фактот што се запознале на Миконос и што Булос решил да се пресели во Америка поради неа, откако пораснал во Нигерија.
Патем, Мајкл Булос е наследник на нигериската „Булос Ентерпрајзис“, чија вредност е неколку милијарди долари. Тој е четири години помлад од Тифани, а ѝ предложи брак со дијамантски прстен вреден 1,2 милиони долари.

