Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, по котлините магливо

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро со услови за магла по одделни котлини.
Утринските температури ќе се движат од -4 до 3 Целзиусови степени, додека дневната ќе биде во интервал од 7 до 16 степени.Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 11 степени.Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, што ќе услови понатамошно топење на снежната покривка на планините. И утре ќе има услови за утринска магла по одделни котлини. /крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пациентите кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински постапки, информираат од министерството.
Според соопштението, во текот на денешниот ден се згрижени над 140 пациенти, распределени во здравствените установи низ земјата:
• Клинички центар – 20 пациенти
• ГОБ „8 Септември“ – 20 пациенти
• Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 21 пациент
• Клиничка болница Штип – 20 пациенти
• Општа болница Кочани – 7 пациенти
• Клиника за токсикологија – 2 пациенти
„Покрај медицинската грижа во земјата, дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство, како резултат на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:
• Република Турција: 3 пациенти пристигнаа во Истанбул, а дополнителни 6 пациенти се очекува да пристигнат во Анкара до полноќ.
• Република Бугарија: 14 пациенти се хоспитализирани.
• Република Грција: 4 пациенти се згрижени.
• Република Србија: 5 пациенти се веќе хоспитализирани, а дополнителни 12 пациенти со воен авион се на пат кон Белград.
• Република Хрватска и Романија: Се очекува во тек на утрешниот ден да бидат испратени по 4 пациенти во секоја од овие земји.
• Република Словенија, Унгарија и Австрија: Во текот на утрешниот ден се очекува овие земји да испратат медицински авиони за транспорт на пациенти.
Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.
Како дополнителна поддршка во справувањето со кризата, во земјата пристигна медицински тим од ВМА Белград, а се очекуваат и медицински тимови од Чешка, Израел и Белгија, кои ќе се приклучат на напорите за обезбедување соодветна здравствена грижа.
За сите информации поврзани со состојбата на пациентите кои се наоѓаат во странство, како контакт лице е именуван проф. Д-р Игор Николов, кој е достапен на телефонскиот број: +389 72 270 648.
Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка“, велат од ресорното министерство.
Македонија
Обвинителството поведува постапка за проверка на 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица.
Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за 8 лица, додека останатите 3 се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба, истакнуваат од таму.
„Постапката во однос на нив ќе продолжи веднаш кога состојбата ќе им се подобри. Дејствија продолжуваат да се преземаат за испитување на одговорност на повеќе лица“.
Македонија
Сопственици на апартмани во Солун и Неа Каликратија во Грција им понудија бесплатно сместување на родителите на повредните пренесени на лекување во Солун

Сопственици на апартмани во Грција им понудија бесплатно сместување на родителите чии деца се пренесени на лекување во Солун. На социјалните мрежи тие споделуваат телефонски броеви на кои може да се јават родителите и роднините на повредените деца за да побараат сместување. Понуденено е сместување во Неа Каликратија, оддалечена триесеттина километри од Солун и во Солун.
Попладнево министерот за здравство Арбен Таравари извести дека на лекување во Солун се испратени тројца повредени во пожарот во дискотеката во Кочани.
На лекување во странство се испратени вкупно 47 пациенти. Покрај тројцата во Солун, 14 повредени се испратени во Бугарија, од кои во Софија се осуммина, во Пловдив се тројца и во Варна се упте тројца. Во Белград е испратен еден пациент, во Ниш еден, во Истанбул тројца пациенти, а со авион најави дека вечерва ќе одат уште шестмина. Договорено беше вечерва четворица пациенти да бидат пренесени во Хрватска и уште 15 во Белград.