Македонија
Спасовски: Избирачкиот список не е прочистен
Чист избирачки список е еден од основните услови за да се спроведат фер и кредибилни избори, но и покрај преземените обврски со Договорот од Пржино, списокот не е прочистен, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на состанок со шефот на мисијата на ОБСЕ-ОДИХР Јан Петерсен.
Спасовски ги информираше претставниците на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР и дека Владата поттикнува функционери во министерството да вршат кривични дела, за што ќе мора да одговараат според Кривичниот законик. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба: СДСМ оддаде почит на ликот и делото на Киро Глигоров
По повод 14 годишнината од смртта на првиот претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ, во состав: Љупчо Фармаковски организациски секретар, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор и Симона Цветановски – членка на Извршенодбор, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечното почивалиште.
„Со длабока почит се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство ги постави темелите на современата и независна македонска држава.
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба.
Вечна слава на претседателот Глигоров – Таткото на нацијата и вечна инспирација за сите нас“.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

