Македонија
Претпладнево магла во одделни котлини

Времето во Македонија во недела ќе биде сончево со мала облачност и слаб ветер од променлив правец. Претпладне по одделни котлини со магла и ниска облачност.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до пет степени, а дневната од 10 до 18 степени.
Нашето подрачје и во текот на работната седмица се уште ќе биде под влијание на антициклон кој ќе условува стабилното и суво време со релативно високи дневни температури на воздухот.
Во претпладневните часови поради слабо изразено воздушно струење, по одделни котлини и речните долини ќе има ниска облачност и појава на магла./крај/ухмр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски: Во тек е реновирање на градинката „13 Ноември“, подобрени условите во сите градинки

Општина Центар информира дека во матичниот објект на ЈОУДГ „13 Ноември“ во тек е реновирање на „Новиот дел“ кој ги опфаќа просторот јасли и долниот кат. Во моментов, се врши молерисување на ѕидовите, а веќе е завршено стругањето и лакирањето на паркетот во занималните и ходниците.
„Молерисувањето ги опфаќа и скалите, влезот, канцелариите, тријажниот простор и чајната кујна. По завршување на оваа фаза, ќе продолжи стругањето и лакирањето и на „стариот дел“ од објектот, каде молерисувањето беше изведено во претходната година. Условите во градинките мора да бидат одраз на грижата што ја имаме кон најмладите. Затоа, вложуваме континуирано во безбедна, функционална и топла средина каде што децата растат среќни, а вработените имаат подобри услови за работа”, потенцира градоначалникот Горан Герасимовски.
Дополнително, реализирана е набавка на нов мебел за занималните во Матичниот објект, како и набавка на три нови клима-уреди кои ќе бидат монтирани во просториите каде што е најнеопходно.
Во главната кујна на Матичниот објект инсталирана е нова конвекциска печка (со шест нивоа), со што се овозможува побрза и поефикасна подготовка на храна, известува Општината.
Герасимовски, истакнува и дека со цел да се поддржи воспитно-образовниот процес, набавени се наставно-образовни и дидактички материјали според Монтесори програмата, како и игровен материјал за децата од групата јасли.
Овие активности се дел од посветеноста на Општина Центар за континуирано унапредување на условите во детските градинки, се додава во соопштението на Општината.
Македонија
Метеж на Табановце и Богородица, се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, извести АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Гази Баба и Студеничани денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска:
· поради промена на шибер ф 100 мм на улицата Карл Либкнехт бр.84, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Карл Либкнехт, Анри Барбис, Темко Попов и дел од Карл Хрон од 09:00 часот до завршување, Гази Баба;
· поради санација на усисна цевка во ПС Моране (викенд населба), можно е да има мал прекин на водоснабдување во село Моране, во периодот од 08:00 па се до завршување на работите, општина Студеничани.