Македонија
Во вторникот издадени потврди на 2.662 мигранти

Во вторникот од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 2.662 странски државјани, од кои 1.105 се од машки пол, 565 се од женски, 989 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште три деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.444, Авганистан–623 и Ирак-595.
Во периодот од 19-ти јуни до 29-ти декември, издадени се потврди на вкупно 382.814 странски државјани, од кои, 206.710 се од машки пол, 64.733 се од женски, 93.268 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.103 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-213.480 потоа Авганистан-94.501, Ирак-53.392, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 29-ти декември, до Секторот за азил се поднесени 84 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 56 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 29-ти декември, евидентирани се вкупно 43 баратели на азил од кои 30 мажи, четири жени и девет деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, девет баратели на азил ( три мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и две малолетни лица без придружба на старател ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Филипче да ја покаже потврдата од Министерството за здравство на ОАЕ, ако ја нема да се извини на граѓаните и да поднесе оставка“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Вистината е една, а лагите можат да бидат многу. И затоа, СДС и Венко Филипче, се повеќе се плеткаат во нивната мрежа на лаги и не знаат кога што кажале. Денес зборуваат едно, утре друго. Филипче, кој е воодушевен од неговиот ментор Зоран Заев, слепо тргнал по неговите стапки, дење да зборува едно, ноќе друго“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче прво негираше дека има златна виза за Дубаи, за потоа да потврди дека ја поседува.
Иако сите знаат дека таква виза се стекнува со инвестирање од над 500 илјади долари, СДС го брани дека Филипче не поседува бизниси во Дубаи, но не кажува како ја стекнал златната виза.
Откако се заплеткаа во сопствените лаги, повикуваме СДС и Филипче да не молчат како што молчеа за скандалите со дрога на нивните функционери и активисти. И наместо да смислуваат разни лаги и изговори, треба само да ја кажат вистината, дали преку инвестиции Филипче се стекнал со златната виза?
Дали Филипче е ортак во бизнисот на Заев, кој во Дубаи гради облакодер од 50 ката?
Златната виза за Дубаи може се добие и за студирање медицина со потврда од Министерството за здравство од ОАЕ.
Па затоа, го прашуваме Филипче, дали студирал медицина во Дубаи и ако студирал, кога и дали има потврда од Министерството за здравство од ОАЕ?
Очекуваме Филипче да ја покаже потврдата за студирање во Дубаи. Но, доколку ја нема веднаш треба да си поднесе оставка, да се извини на јавноста и да одговори како и со кои пари стигнал до златната виза?
Заев и Филипче со години ја ограбуваа државата и го осиромашуваа народот, за сега со украдените пари да инвестираат во Дубаи и да добиваат златни визи.
Затоа што со чиновничка плата, макар таа била премиерска, министерска или на пратеник, не се стига до инвестиција од над 500 илјади долари. СДС и Филипче се синоним за неспособност, криминал и корупција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Таравари да одговори со што го уценија ДУИ“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Таравари да одговори со што е уценет. Ова негово неразумно однесување може да се случи само како резултат на уцена и под диктат на криминалното лоби, истото тоа кое СДС го клекна на колена и го претопи во партнерство и брак со мафијата на ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Арбен Таравари треба да е искрен и да признае дека информациите кои сега ги лиферува за излегување од Владата како на пример дека не биле третирани добро албанските прашања или дека имало застој на ЕУ интеграциите се само бледо алиби за неговото уценето делување.
Арбен Таравари е уценет човек, цената на таквата уцена треба да се бара во бизнис или друг вид на мотиви. Тој се потврди дека не е стабилен партнер со кого може да се гради политика.
Тој треба да објасни на своите гласачи како сега за него ДУИ е правата вистинска и единствена опција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Самиот факт што ја напуштивме Владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани“, велат од Алијансата за Албанците

„Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Е за очекување во овие тешки денови на оваа Влада во неволја, во целосно отсуство на политички аргументи, да има клевети од најапсурден вид“, велат од Алијансата за Албанците.
„Смирено сме фокусирани на нашата работа кон Октомвриската победа и не сакаме со никакви навреди или псевдообвинувања да ја оптоваруваме ВМРО која во моментов има доволно маки.
Самиот факт што ја напуштивме владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани, а можеби тоа е незамисливо за некои партии на власт.
Алијансата за Албанците е на добар пат и во своите најдобри денови!“, се додава во соопштението.