Македонија
Добре Јанчев нов генерален секретар на ДИК

Државната изборна комисија (ДИК) на седницата во понеделник, со јавно гласање го избра Добре Јанчев за нов генерален секретар на Комисијата.
На оваа раководна функција, која ќе ја извршува во наредните пет години, Јанчев доаѓа од местото државен советник за едукација, правна и меѓународна соработка во ДИК. Членовите на Државната изборна комисија на работен состанок ги утврдија предлог текстовите на Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список заснован на проверки и статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, неограничени теренски проверки и други соодветни признати методи на проверка и на Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, како и постапка за спроведување теренска проверка заради негово ажурирање.Согласно измените и дополнувањата на Изборниот законик, двата Правилника на 30-ти декември 2015 година се доставени на четирите најголеми политички партии застапени во Собранието.Државната изборна комисија очекува во најкус можен рок четирите најголеми партии да се усогласат, за потоа да ги усвои овие два важни акта за проверка и ажурирање на Избирачкиот список./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДЗС и МВР во заедничка акција за извлекување на повреден планинар

Утрово планинар при совладување на тежок терен на планината Пелистер ја скршил ногата и не може да се движи, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
По добиената пријава за повреден планинар, Дирекцијата за заштита и спасување итно го мобилизира тимот за спасување од планина чии припадници во моментов се движат кон местото каде што се наоѓа повредениот планинар, а кое е оддалечено неколку часа од последната позиција до која може да се стигне со возило, со цел да го имобилизираат, подготват и пренесат до отворено место на кое ќе може да биде преземен од полициски хеликоптер со помош на витло со кое ќе ракуваат специјалци од полициските Тигри.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС постojано докажува дека знае само да слугува на туѓи агенди за лични бизнис интереси и да распродава се што е македонско

СДС во секоја прилика покажува дека има капацитет само да се вклучи во сомнителни активности како актуелните кои се спроведуваат од бугарски служби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС никако да се надмине себе си, а ниту нејзините привезоци, да остане на страна од вакви активности на странски служби водени од чајот на политиката на официјална Софија, бидејќи ги нема нејзините традиционални партнери во надлежните институции во Македонија.
Сега ја нема СДС на власт чии функционери тераат бизниси во Бугарија и прават отстапки кои се штетни за Македонија само поради лични бизнис интереси. Од СДС знаат само да се трампаат или се подготвени да сторат се, да дадат се што е државен интерес на Македонија само нив да им течат бизнисите.
Овие опасни по Македонија активности на официјални Софија во кои им помагаат лица од СДС следи по осуда на бугарските ставови во Европскиот парламент.
Бугарија доживеа пораз во Комитетот за надворешни работи при Европскиот парламент, познат како АФЕТ, па прво се активираше Апасиев, потоа Жерновски кој отиде до таму со ширење ужасни лаги за премиерот.
Но, туѓите агенди се прочитани.
Граѓаните добро знаат кој распродаваше се што е македонско за свои лични бизнис интереси.
Денес има Влада која се грижи за секој еден граѓанин и Влада која само работи во насока Македонија да оди напред“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Шукова прифаќајќи да биде кандидат за Скопје, само му излезе во пресрет на Филипче, граѓаните знаат дека од СДС нема фајде

СДС и Венко Филипче со секоја нова тура на кандидати за градоначалници докажуваат дека само верно ги спроведуваат желбите на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кандидат за главниот град им е Каја Шукова која вели дека ќе се залага за чисто, уредено, и безбедно Скопје.
Шукова се однесува како да не знае дека партијата од која е дел, и чиј министер за животна средина беше самата таа, не знае што значат поимите кои таа ги употребува.
Шукова доаѓа од партија која само знаеше да протестира сама против себе кога станува збор за чисто и уредено Скопје.
СДС очигледно само знае погрешно да постави темели и се знае дека потоа се оди во погрешна насока, работите не ни стагнираат, туку само одат во полоша насока. Па така откако ја преземаа власта во 2017 година наместо да се фатат за работа тие излегоа на протест и си протестираа сами против себе, или протестираа нивни пратеници, а тие беа на власт, нивен заменик министер за животна средина исто протестираше наместо да се фати за работа.
Кога се доаѓа на власт значи дека граѓаните ви дале доверба и очекуваат институционално да се решаваат проблемите, а не тие кои треба да креираат политики да излезат на улици.
СДС чиј кандидат е Шукова не направи ништо за седум години за општините, за градот, за воздухот, како и за санирање на низа проблем со кои се сочуваат граѓаните.
Како и да е, Шукова му излезе во пресрет на актуелниот, како и на претходниот партиски шеф и прифати да биде кандидат за Скопје. Но, СДС, Филипче и Шукова како кандидат за Скопје, како и кандидатите за другите општини треба да знаат дека граѓаните точно знаат кој работи во нивни интерес. Јасно е дека тоа не е ова СДС“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.