Забава
Сите фармери во италијански град садат марихуана

Полињата околу италијанскиот град Таранто, во покраината Пуља, се засадени со растението канабис сатива, или популарната марихуана, а сето тоа е легално, затоа што целта им е да ја исчистат земјата од загадувањето, затоа што во градот се наоѓа најголемата европска железарница.
Железарницата која се протега на 15 милиони метри квадратни обезбедува работа за 14.000 локални жители, но таа е и најголем загадувач на околината со декади наназад.Издувните гасови предизвикаа бројни порблеми за фармерите во радиоус од 20 км, кои не можат повеќе да садат растенија на своите ниви. Проблем се диоксините кои се канцерогени и од атмосферата паѓаат во земјата и ја загадуваат.Особено лошо стана во 2008 година кога регионалната влада на Пуља им нареди на фармерите од две села да ги убијат своите овци поради превисокото ниво на диоксини во тревата која ја пасат, а потоа нивното месо и млеко се штетни за консумирање од луѓето.„Тоа беше најлошиот ден во мојот живот“, вели Винченцо, кмој веќе втроа година сади канабис. „Мораше да одлучиме дали ќе останиме и ќе се бориме, или ќе си заминеме од нашата земја“.Револуцијата со канабисот почна во 2011 година, кога беше креирана КанаПуља, асоцијација која се обиде да најде решениа за загадувањето.„Корењата на канабисот се способни да ги апсорбираат нечистотиите од земјата, како радиоактивни состојки, тешки метали и диоксини“, вели претседателот на КанаПуља, Клаудио Натале.Невообичаената способност на растението не само да преживее во загадена почва туку и да ја исчисти, откриена е во 1990-тите години, од земјоделци кои експериментирале во радиоактивна земја во Чернобил, Украина. Фармерите околу железарцницата во италија секоја година садат поголеми површини со канабис, но од неа не можат многу да заработат. Иако нема да може да се користи за рекреативно пушење, сепак може да се искористи за правење биогориво, за производство на коноп, како сточна храна и за изолација./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.