Забава
Десет години атеље „Кокев“ во модниот бизнис
Дамата која стои зад препознатливиот бренд „Кокев“, наскоро ќе го одбележи својот десетгодишен јубилеј со модна ревија пролет/лето 2016 под наслов „Под тосканското сонце“ (Under the tuscany sun), која ќе се случи на 12 април на самата голема сцена во Македонскиот народен театар. Целиот моден перформанс е во режија на Дејан Пројковски. Тања Кокев ветува уживање за сите сетила.
Инаку, Кокев, иако е по вокација историчар на уметност, сепак за своја професија го избира модното дизајнирање. И покрај тоа што предходно работела како новинарка во културна редакција, потоа и како менаџер на 5 книжари, постојано тлеело во неа чувството дека нешто и недостасува… па така оставила времето да создаде услови за да го почне тоа што отсекогаш го сакала – модата. „Се појави најголемата инспирација во мојот живот, се роди ќерка ми и со нејзиниот прв роденден започна се. Направив комплетен декоративен аранжман за нејзината прослава и сето тоа го изложив во една од книжарите кои ги менаџирав. За неполн месец бев преплавена од нарачки. За два месеци го отворив првиот салон за декорација за по една година да започнам и со креирање на венчални фустани и свечени тоалети. Приказната денес продолжува со креирање секојдневна облека, а од неодамна и чевли“, вели Кокев.Производството на секојдневна облека Кокев го започна со колекцијата есен зима 2015/16, а продолжува со пролет лето 2016. Паралелно почна и со креација на чевли.„Користам речиси во целост природни материјали, најчесто свила. Од минатата година започнавме да работиме со ткаенините на Валентино и Армани. Материјалите за секојдневна облека ги набавувам од Италија, а за свечените тоалети и венчаници од Италија и Турција. Креирањето чевли е сосема различно од облека, работата е многу деликатна, каде вниманието максимално е концентрирано на деталите. Чевлите ги изработувам истотака во Италија, додека дизајнот е на „Кокев“. Има и своја заштитна пурпурна боја на ѓонот и комплетно се изработени од кожа“. Сиве овие десет години без ничија поддршка сама ги качува позитивните вертикали, а рецептот за успех според неа претставува сериозен влог на многу емоции, иако секој чекор и одлука ги донесува интелигентно и со многу промилслување. „Изгледа успеав балансот да го најдам во мојава професија, не прифаќав компромиси се водев по инстикт, но потоа сериозно размислував за моите одлуки. Никогаш не сум правела статистики и детални анализи. Пред се бил мотивот, а после се останато. Работата е благодет, а кога го работиш тоа што го сакаш навистина си благословен. Затоа, посветеноста, трудот и амбицијата некако нормално ти стануваат секојдневие. Не знаеш да се однесуваш поинаку… освен да бидеш вреден и секој ден да сакаш да направиш нешто поубаво од претходниот.Во нејзините креации иминативе години се облечени многу препознатливи јавни личности, како од уметничката, така и од дипломатската и политичката сцена. Заштитно лице на нејзиниот бренд е актерката Јелена Јованова, но во свечените тоалети често пати се појавуваат и актерките Драгана Костадиновска, Сашка Димитровска, Наташа Петровиќ, Лабина Митевска… Во нејзини креации подеднакво уживаат и дами од бизнис фелата, како Олга Костовска и од политичниот естаблишмент, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

