Забава
Последното писмо од ‘Титаник' продадено за 119 илјади фунти
Писмото на една патничка од легендарниот пароброд „Титаник” напишано само еден час пред бродот да удри во сантата мраз и да потоне, е продадено во саботата на аукција за 119 илјади британски фунти.
Британката Естер Харт и нејзината седумгодишна ќерка Ева го напишале споменатото писмо, а двете и го преживеале потонувањето на најлуксузниот бродот на својата епоха со кој патувале во кабина од втората класа во Канада каде што требало да запопчнат нов живот.
Аукциската куќа Henry Aldridge and Son објави дека постигнатата цена од 119 илјади фунти е веројатно рекордна за некое писмо од „Титаник” понудено на наддавање.
„Интересот беше огромен. Веќе продававме писма од ‘Титаник’, но ниедно не постигна толкава цена”, изјавил портпаролот на аукциската куќа, пренесува Reuters.
Бродот, гордоста на британската цивилна морнарица, најсовремен и најлуксузен дотогаш во светот, потонал за 2 часа и 40 минути ноќта кон 15-ти април 1912 година во ледените води на Северен Атлантик на петтиот ден од своето прво патување кон Њујорк откако се судрил со санта мраз. Од 2.200 патници и членови на екипажот, се удавиле речиси 1.500./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

