Контакт

Македонија

На новинарите не им беше дозволено да ја следат седницата на Уставен, пред судот само контрадемонстрантите

Објавено пред

Обезбедувањето на Уставниот суд не им дозволи на новинарите да влезат во Судот и да ја следат седницата на којашто се одлучува за укинување на измените на Законот за помилување донесени во 2009 година, со што на Претседателот на државата ќе му се овозможи да помилува лица осудени за изборни нерегуларности, педофили, како и лица осудени за дела против човечноста.

dobivaj vesti na viber

Иако седниците на Уставниот суд досега беа јавни и новинарите ги следеа, освен гласањето на судиите кое е тајно, оваа седница е затворена за јавноста.Новинарите побараа писмена одлука и образложение зошто седница на Судот е затворена за јавноста, но од Судот нема никаков одговор. Пред Уставниот суд останаа само контрадемонстрантите кои уште во вторникот наутро ги организираше официјално лидерот на ГРОМ и градоначалник на скопската општина, Карпош, Стевче Јакимовски, за како што рекоа, „да го бранат Уставниот суд“. Иако граѓанската платформа „Ајде“ пред неколку дена најави протест пред Уставниот суд за во вторникот во 18 часот и целовечерно бдеење над Уставот, сепак. полицијата не им дозволи да пристапат пред Уставниот суд и масата запре пред новиот Македонски народен театар кој е на стотина метри од новата зграда на Уставниот суд.Овој протест го поддржа и опозициската СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев.Демонстрантите кои се собраа да протестираат против евентуално донесување одлука на Судот со којашто ќе можат да се помилуваат лица за изборни нерегуларности и да побараат оставки од уставните судии кои претходно гласале за ваквата одлука, синоќа се разотидоа по наводна дојава оти владејачката партија собирала контрадемонстранти од цела држава, со што би можело да се случат инциденти. Утрово пред Судот имаше големо присуство на полицијата, а бројот на контрадемонстранти сé повеќе се зголемува. Постојано доаѓаат луѓе од цела Македонија, за како што велат да го бранат „уставниот поредок“.Сите тврдат дека дошле по своја волја и дека не се од ниту една партија. Дел од контрадемонстрантите со кои разговаравме не би поддржале одлука со која на Претседателот би му се дала можност да помилува лица осудени за изборни нерегуларности, педофили, но велат дека одлуките на Уставниот суд мораат да се почитуваат.„Очекуваме да не се мешаат луѓето, премногу, Судот е тој што треба да функционира нормално“, изјави еден од граѓаните пред Уставниот суд. На прашањето дали смета дека  шефот на државата треба да помилува лица осудени за изборни нерегуларности, педофили, еден од демонстрантите вели: „Не мислам, судот си ја знае работата , ние треба да ја почитуваме одлуката. Нема да донесе таква одлука, веруваме во Судот, Судот е највисока институција која треба да ја почитуваме, додека е потребно ќе бидам тука“, изјави за Макфакс еден од контрадемонстрантите, кој бараше да остане анонимен.„Од Велес сум, никој не ме повика, мојата совест не ми дозволува да попуштам во една ваква некоректна и нечесна игра да се урива Уставот на државата .Не сум партиски определен, очекувам да заврши овој хаос, измислени игри, нечесни работи“, изјави друг демонстрант.Дел од жителите на зградата „Ибни Пајко“ којашто се наоѓа во близина на зградата на Уставниот суд се жалат дека демонстрантите вршат нужда кај зградата, дека не им се обезбедени тоалети и дека се шират зарази.„Кај да ги носам тука да поминат внучињата од градинка. Секаде мократ тука, немаат тоалети“, вели жена која живее во зградата.Засега нема најави дали граѓанската платформа „Ајде“ ќе има протести и до кога пред Судот ќе има шатори и контрадемонстранти.Во 2009 година имаше измени на овој Закон и со тогашните измени Претседателот веќе немаше можност да помилува лица кои ќе бидат осудени за изборни нерегуларности.Предлогот којшто е ставен на дневен ред на денешната седница се совпаѓа со отворањето на случајот „Титаник“ од страна на Специјалното обвинителство во кој осомничени се високи функционери во ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои поранешната Министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, актуелниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко и уште пет други лица.Сите се товарат за вмешаност во изборни нерегуларности./крај/мф/ффс

Македонија

Османи: Две нови современи градинки во Чаир со голем капацитет за сите деца да посетуваат претшколско образование

Објавено пред

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција претстави  проекти за изградба на нови современи градинки.

dobivaj vesti na viber

„Чаир има недостиг од градинки, недоволни капацитети и услови што не одговараат ниту на основните потреби на децата во најкритичниот период од нивниот развој. Имаме градинки каде што три деца делат еден кревет, каде условите во кујните и тоалетите се мизерни, а родителите сами купуваат материјали за своите деца. Тоа мора да се промени“, изјави Османи.

Тој најави изградба на две нови големи градинки со современи стандарди, подготвени од светски познатиот архитект Мишел Ројкинд.

Градинка „Снежана“ е проект кој е мултифункционален и се протега на 40.000 м² на улицата Џон Кенеди.

„На еден простор ќе имаме три функции: паркинг, градинка и училиште со игралиште. Чаир е мала општина и секој метар мора да се искористи паметно и во служба на граѓаните“, истакна Османи. Тој појасни дека подземниот паркинг на две нивоа ќе биде со капацитет од 1.000 паркинг-места.

Градинка „Росица“, пак, е исто така проектирана како современ објект со три нивоа подземен паркинг и голем капацитет.

„Градинка, „Росица“, ќе се гради на површина од 20.000 м² и ќе вклучува: современа градинка со нови услови за престој, исхрана и игра, подземен паркинг на три нивоа со над 520 паркинг-места, како и со простор за игра над објектот, со цел рационално користење на секој квадратен метар во Чаир“, истакна Османи.

Со овие два проекти, ќе го решиме хроничниот проблем со капацитетите на градинките во Чаир и ќе создадеме современи и безбедни простори за нашите деца, додаде Османи.

Тој потсети дека веќе има лично искуство во реализација на вакви проекти, бидејќи токму тој ја обезбеди изградбата и финансирањето на најголемата градинка во Чаир „Бамби“, како министер и член на Владата.

„Јас го започнав овој процес пред години, а сега го продолжувам со визија за секое дете во Чаир да има свое место во градинка“, порача Османи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Објавено пред

Од

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17, во 19 и во 22.30 часот.

dobivaj vesti na viber

Од таму велат дека се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем поради постојните сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија.

Од МРТВ наведуваат дека во расветлувањето на случајот ќе бидат вклучени сите надлежни државни институции.

„Јавниот сервис им се извинува на граѓаните за неможноста да ги следат централните информативни изданија на нашата програма. Македонската радио-телевизија ќе продолжи да известува навремено и објективно, во интерес на јавноста“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Шукова: Скопје мора да стане град на луѓето, не на автомобилите

Објавено пред

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на денешната прес-конференција ја претстави својата визија за урбаниот развој на главниот град, истакнувајќи дека таа се темели на принципите на одржливост, рамномерност и хуманост.

dobivaj vesti na viber

„Мојата визија за Скопје се гради на инклузивен раст, отпорна инфраструктура, достапни јавни простори и ефикасен транспорт. Новиот Генерален урбанистички план ќе се темели токму на овие постулати – град што се развива со луѓето, за луѓето“, изјави Шукова.

Таа нагласи дека клучна цел е воспоставување баланс во урбаниот развој меѓу јужниот и северниот дел на градот.

„Неконтролираната градежна експанзија јужно од Вардар ја надмина инфраструктурата и го ’задуши’ градот. Затоа ќе се фокусираме на развој на нови станбени населби северно од реката Вардар, каде што ќе се вложува во нова инфраструктура, со што ќе се привлечат инвестиции и ќе се обезбеди рамномерна урбана слика“, рече таа.

Во делот за сообраќајната инфраструктура, Шукова најави пренасочување на приоритетите – од автомобилите кон луѓето. „Скопје мора да премине од град на автомобили во град на луѓе. Пешаците и велосипедистите ќе бидат на врвот на сообраќајната пирамида. Центарот ќе го претвориме во пешачка зона, а новите булевари на северот ќе овозможат подобра поврзаност меѓу истокот и западот, без дополнителен притисок врз градското јадро“, потенцираше Шукова.

Посебен акцент стави на зелените површини, како предуслов за квалитетен и здрав живот. Таа најави изградба на 15 нови паркови за 15 месеци, подигање на Ботаничката градина кај ЈП „Паркови и зеленило“, пошумување на ободот на градот како продолжение на Водно и уредување на пешачко-велосипедската патека долж Вардар до Сарај.

„Зелените површини се белите дробови на градот. Скопје мора повторно да дише. Затоа ќе вложуваме во паркови, јавни простори и чиста животна средина“, рече таа.

Шукова ја претстави и долгорочната визија за развој на Скопје во наредните три децении, која, како што нагласи, ќе се темели на холистички пристап што комбинира одржливост, иновации и инклузивност. „Граѓанинот ќе биде во центарот на планирањето. Сакаме Скопје да биде креативен, отпорен и зелен град – место каде што луѓето живеат, работат и инвестираат во здрава и човечка средина“, порача Шукова.

„Ова е визијата за Скопје за која се бориме – град што ја почитува својата историја, но храбро гледа кон иднината“, заврши таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија54 минути

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија2 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија2 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија2 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија3 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет5 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа5 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет6 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа6 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет6 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија13 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија17 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија18 часа

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија19 часа

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија19 часа

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија1 ден

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...

Македонија1 ден

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...