Македонија
Работната група закажа состанок за Избирачкиот список и за медиумите
За методологиите за прочистување на избирачкиот список и за медиумите, ќе разговараат во понеделник во 17 часот, претставниците на политичките партии, потписници на договорот од Пржино, заедно со посредникот Питер Ванхауте, во Клубот на пратениците во Скопје.
На барање на СДСМ, паралелно ќе се дискутира за двете теми, а како што најави во неделата портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, тие бараат теренска проверка на податоците од избирачкиот список.За методологијата за прочистување на избирачкиот список ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ соопштија дека ќе се согласат со секој предлог што ќе дојде од ДИК. За регулацијата за медиумите, ВМРО-ДПМНЕ неколку пати досега информира дека ќе го прифати моделот за регулација на медиумите од која било земја членка на ЕУ, но преговорите заглавија откако посредникот Питер Ванхауте достави свој предлог – законско решение кое не беше прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ.Иако партиите продолжуваат со средбите во Клубот на пратеници, сепак нема знаци за конструктивност во преговорите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите
За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу акредитирани се домашни набљудувачи – 1078. Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи.
За известување од изборите, акредитирани се 66 странски новинари, меѓу кои и од Ројтерс, Асошиејтед прес, Ал Џезира и Франс прес.
Најмногу домашни набљудувачи акредитирало Здружението за развој на општествено – социјални иновации „ВАКЕ УП“ Скопје – 752, потоа Фондација Ромите за демократија – 151, Цивил – 82, Центарот за безбедносни истражувања – 46, Институтот за меѓународни односи и стратегии Охрид – 20, Националниот ромски центар Куманово – 14, Здружението за промоција и развој инклузива Куманово – 12 и Македонскиот центар за културен развој – еден набљудувач.
Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи, 14 експерти и 31 преведувач, најмногу од странските набљудувачи. Парламентарното собрание на ОБСЕ (OSCE PA) има акредитирано 138 набљудувачи, Амбасадата на Соединетите американски држави во Скопје – 68 набљудувачи и 33 преведувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа – ад хок комисијата за набљудување на претседателските избори во Република Северна Македонија – 33 набљудувачи и 20 преведувачи, Иницијативата за дијалог и демократија Силба 30, Централната изборна комисија – Република Косово – 13, Европскиот парламент – 12 и други.
Македонија
Бојан Јовановски: Повикан сум на информативен разговор во полиција, ова е директен притисок и обид за цензура
Бојан Јовановски – Боки 13 соопшти дека денеска во 10 часот е повикан на информативен разговор во П.С Кисела вода (Пролече) во врска со пријава за загрозување на безбедност согласно член 144 од КЗ.
„Ова го чувствувам за директен притисок и обид за цензура од страна на засегнатите лица во врска со мојот настап кај „Лазаров“!“, објави Бојан Јовановски.
Јовановски претходно вчера објави дека веќе неколку дена е цел на закани и притисоци со цел да го откаже второ гостување на поткастот.
Македонија
Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда до петок под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.
Во Скопје времето ќе биде стабилно и релативно топло. Од среда во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.