Култура
Трајче Јанчевски добитник на награда „Остен " за животно дело
Уметникот Трајче Јанчевски е добитник на наградата за животно дело на „Остен”, која ќе му биде доделена во понеделник навечер во галеријата Остен”.
Наградите на уметниците Остен ќе ги додели на во понеделник во 19.30 часот во Галерија Остен, каде ќе биде изложена поставка од дела на наградените автори, како и дела на други македонски автори – соработници на Остен.
Во рамките на манифестацијата, се доделува и награда за животно дело на уметник кој го достигнал врвот на своето творештво и постигнал значителен успех (во земјата и меѓународно) во својот професионален живот, а со кого Остен имал одлична соработка и негови дела се наоѓаат во колекцијата на Остен. Минатата година остваривме извонредна соработка со Трајче Јанчевски, уметник на кој во 1998 година му беше доделен Златен медал – француски орден за чест и углед во уметноста од Академијата за уметност на Централна Европа во Париз, па во рамките на манифестацијата Остен му доделува награда за животно дело.
Генерална цел на овој настан е да се афирмира ликовната дејност во Македонија преку создавање на креативни и стимулативни форми на соработка помеѓу Остен и македонските уметници.
Минатата година меѓу многубројните соработки воспоставени со македонските ументици, организаторите ја издвојуваат соработката со Тони Шулајковски, кој имаше јубилејна изложба во Галерија Остен (20 години творештво) и по тој повод подари 20 дела кои се сега во колекцијата на Остен, а зеде учество и на Светската галерија на цртеж – Биенале на цртеж, Скопје 2012.
Имајќи ја предвид до сегашната успешна соработка, а особено можностите и плановите за понатамошна соработка, Остен го прогласува Тони Шулајковски за уметник на годината 2012./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Денес е Ден на македонскиот јазик
Петти мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“. На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.
Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.
Култура
Инспиративен настап на SIN PUSTINJE во Битола за Меѓународниот ден на џезот 2024
МКЦ-Битола по јубилеен 10-ти пат го одбележа Меѓународниот ден на џезот во Битола 2024. Во прекрасниот амбиент на кафе барот Порта Џез, Ахмед Буриќ, Дамир Имамовиќ, Тони Китановски и Иван Михајловиќ приредија несекојдневно музичко поетско доживување.
Во проектот станува збор за искуството и интерпретацијата на музиката и поезијата која ги сумира различните интереси и вештини на уметниците кои досега ги познававме од другите жанрови. На концертот Буриќ, Имамовиќ, Китановски и Михајловиќ изведоа дванаесеттина песни од нивниот прв албум, како и некои други делови кои на изведбата во живо му дадоа комплетна форма и магична атмосфера.
Овој концерт по десетти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.
Концертот се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.
Култура
Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ на 11 мај на „Мајските оперски вечери“
На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени.
Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.
Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.