Општество
Студентите и вработените на ФИНКИ бесплатно ќе ги користат Microsoft Office програмите
Мајкрософт и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) потпишаа во средата договор за унапредување на вештините и продуктивноста на студентите и на самиот процес на учење.
Во рамките на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во средата и официјално беше означен почетокот на имплементацијата на програмата на Мајкрософт „Students & Teacher Advantage Program”. Со оваа програма, ФИНКИ на сите студенти и професори им обезбедува бесплатна верзија на Microsoft Office 365 ProPlus.
„Како едукатори, сите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство се обединети зад една единствена цел – да им помогнеме на нашите студенти да станат најдобри. Нашиот факултет, врз основа на договорот за лиценцирање со Microsoft, овозможува за нашиот факултет и кадар можност да користат напредни програми. Имаме можност за користење онлајн и офлајн Office 365 ProPlus, без дополнителни трошоци за сите студенти, факултетот и неговиот кадар. Сите ќе имаат можност Microsoft Office да го инсталираст на најмногу 5 компјутери и плус на 5 таблет компјутери, овозможувајќи им на студентите да се здобијат со вредни вештини на светски најпопуларниот софтвер за документи. Студентите сега имаат возбудлива нова придобивка која на долги патеки треба да им помогне да стекнат нови вештини и знаења, брзо вработување, започнување сопствен бизнис но и задоволување на потребите на пазарот”, рече деканот на ФИНКИ, Иван Чорбев.
Преку оваа програма сите студенти и вработени ќе имаат пристап до најновата целосна верзија на Microsoft Office без дополнителни трошоци, а која вклучува најнова верзија од Word, Excel, PowerPoint, OneNote и многу други програми. Секој студент или вработен во ФИНКИ ќе може да инсталира Microsoft Office 365 ProPlus на најмногу пет компатибилни компјутери или Mac-ови, плус пет таблет компјутери, со што се овозможува пристап до сите Office документи, како на факултет така и дома. Исто така сите студенти и вработени ја имаат можноста за 1 терабајт OneDrive складирање и синхронизација на датотеки во облак. Освен тоа, со Office 365 ProPlus професорите можат да ги искористат предностите на големите Office апликации, како Office Микс (додаток на PowerPoint) со кои можат да ги снимаат и да ги објавуваат предавањата и да се револуционизира учењето со употреба на OneNote бележникот (One Note Class Notebook) кој им помага брзо да се постави личен профил за секој студент, библиотека за материјали и простор за лекции и креативни активности, сите во рамките на еден моќен OneNote бележник.
„Инвестицијата во образование е најдобар влог во иднината. Анализите на IDC, покажуваат дека студентите оспособени со Office вештините се подобро подготвени за работа во професионалниот свет, полесно наоѓаат работа, поефикасно ги извршуваат секојдневните работни обврски, и се попродуктивни, што позитивно влијае на нивниот напредок во кариерата. Преку програмата на Мајкрософт “student advantage” Office програмите се достапни на сите студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, а кои се надеваме дека ќе им помогнат како во текот на студирањето, така и понатаму во животот. Само со учење, напорна работа и примена на технолошките иновации студентите, како и пошироката заедница може брзо да се развива, а луѓето поквалитетно да живеат. Информатичката технологија треба да биде силна алатка, која ги зголемува потенцијалите на индивидуите и ја поттикнува нивната креативност”, рече Стефан Плавјански, директор на Мајкрософт Македонија.
Според една студија од страна на ИДЦ направена во 2013 година, работодавците бараат кандидати кои имаат 20 специфични вештини. Трета вештина на оваа листа е владеењето со Microsoft Office. Доброто познавање на PowerPoint и Word специјално се истакнати како 11 и 13 вештина на листата. Всушност, вештините за познавање на Microsoft Office програмите се бараат пет пати повеќе од било која друга алатка за продуктивност. Дури и во Google услов за работа е компетентност во знаењето на алатките на Microsoft Office.
Студентите можат да ја обезбедат Microsoft Office верзијата со посета на страната Office.com/GetOffice365 следејќи ги инструкциите на екранот. За помош при инсталација треба да ја посетат страницата install Office on your PC or Mac with Office 365 (http://aka.ms/Y0o21h).
Минатата година Мајкрософт започна интернационална иницијатива наречена Student Advantage, која им овозможува на студентите полесен пристап до најновите Microsoft Office програми, можност подобро да ги научат за алатките кои се користат во на работните места. Денес, програмата на Мајкрософт „Students and teacher advantage“ е на располагање на повеќе од 35.000 образовни институции во светот. Со цел да се квалификува за оваа програма, студентот мора да присуствува на наставата на факултетот кој ги купил лиценците на овие Мајкрософт програми./крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства
Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.
Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.
Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.
Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.
Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.