Македонија
Формирање собраниска комисија за импичмент на Иванов

На дневен ред на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, во петок е формирањето на Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија.
Според претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Зоран Илиоски, Комисијата за основаноста на предлогот за импичмент на претседателот ќе брои 11 члена, и ќе го отсликува составот во Собранието. Мнозинството ќе има претседател и пет члена и опозицијата пет члена. За седум дена Комисијата треба да достави извештај до претседателот на Собранието за тоа дали е основан или не е Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија. По ова претседателот на Парламентот треба да закаже седница, на која пратениците со двотретинско мнозинство ќе се изјаснат за него.Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија е поднесен од страна на опозициските пратеници и ДУИ, додека ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека нема да го поддржи импичментот.Доколку предлогот биде изгласан во Собранието, за него треба да се произнесе и Уставниот суд./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)
Македонија
Промнеливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.