Македонија
Полицајци од други земји ќе им помагаат на македонските на граница

Од дргуата недела, премиерот Нiкола Груевски најави полицајци од други земји, како Србија, Унгарија, Хрватска, да им се придружат на македонските полицајци на границата со Грција, да им помогнат во спроведувањето и приемот на нови мигранти.
„Изминативе десетина дена разговарав со повеќе мои колеги премиери од земјите кои се потенцијално загрозени од економските мигранти – Србија, Унгарија, Хрватска, Словенија… Зборувавме тие да испратат полициски сили кои ќе се придружат на нашите полицајци, од нашата страна на границата, со цел заедно да се справуваме со предизвиците. Добивме позитивни одговори од голем број од нив, па очекувам во текот на следната недела да почнат да доаѓаат првите полициски сили“, рече во петок премиерот Никола Груевски, по пуштањето во употреба на нов компјутерски томограф.Тој рече и дека постои комуникација со Владата на Грција, но, за жал, таа била на пониско ниво. Очекува со доаѓањето на силите на Фронтекс на грчка територија да се стави ред во мигрантската криза, а македонските безбедносни сили да имаат помалку непријатности во чувањето на границата.„Добро е што доаѓа Фронтекс. Тоа подолго време го баравме и инстистиравме на нивно доаѓање од страна на грчката граница за да се зајакне обезбедувањето од таа страна, бидејќи обезбедувањето, долг период, беше речиси никакво. Немаше обезбедување и беше оставено на нас, на нашата полиција. Долго време апелиравме до Брисел и до поединечните главни градови да се најде начин, најпрво да се побара од страна на Грција, бидејќи таа не поднесуваше барање за да се испратат сили на Фронтекс кои ќе им помогнат на нашите полицајци да имаат помалку непријатности“, рече Груевски. Како што појасни, ветената помош од Брисел е реализирана со само околу 90 илјади евра, додека пак, според негова проценка, мигратнската криза до сега Македонија ја чини повеќе од 10 милиони евра./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.