Македонија
Нов предмет од СЈО наречен „ТНТ“, за Фијат Цаноски
Со уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“, претседателот на Владата во 2011 година и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, тогашниот министер за транспорт и врски, и градоначалникот на Гази Баба, искористувајќи ја својата политичка моќ, му нанеле голема штета на инвеститорот Фијат Цаноски, тврди во четвртокот Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Како што појасни обвинителката Фатиме Фетаи, „одредени аболицирани личности најгрубо и со одмаднизднички причини“ му нанеле штета со уривање на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски челник на партијата ПЕИ, кој, како што посочи обвинителката, дотогаш бил во коалиција со нив, а потоа преминал во коалиција со опозициската СДСМ.„Во периодот од 1.05.2011 година до 17.08. 2011 година, тогашниот претседател на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, министерот за транаспорт и врски, кои со одлука на претседателот се помилувани, заеднички со цел да му се одмаздат на Фиат Цаноски, кој ја напуштил коалицијата и склучил коалиција со СДСМ искористувајќи ја нивната политичка моќ го навеле градоначалникот на Гази Баба, да ја искористи неговата службена положба и овластување и да го урне незаконски објектот на Фијат Цаноски“, тврди Фетаи.Градоначалникот ја прифатил оваа игра, продолжи Фетаи, ја повикал првоосомничената градежен инспектор во Општина Гази Баба, и ѝ објаснил дека „од врвот на партијата бараат да се урне објектот“. Таа се согласила да најде начин за уривање, свесна дека го крши законот почнала постапка за рушење, при што направила мерење на височина, кои на крај покажува повисока градба на објектот за 1,43 м, но без да направи безбедносен тротоар околу објектот. Донела решение во рок од 5 дена да се изврши рушењето, додава обвинителката на СЈО.Вештачењето од архитектонскиот факултет, во предистражната постапка, покажува дека таа постапила незаконски, тврдеше натаму Фетаи на прес-конференцијата.Сепак, на 1 септември 2011 година пристапила кон рушење иако, од фирмата која градела и доставиле стручно мислење на градежната инспекторка, од архитектонскиот факултет, дека е незаконски, но таа продолжила.„Уривањето не одело како што замислиле нарачателите, па се пристапило кон уривање со експлозив, без јавна набавка, што е платен 2.999.560 денари“, рече Фетаи.Појаснуваше дека, наместо општината застапувана од градоначалникот, да се обрати за уривање на фирмата „Трансмед“, која имала договор со нив за такви дејствија, тие преговарале со „Бекатон трејд“, сопственот на починатиот П.И., „Интеринженеринг“, сопственост на сведокот М.В. и „3М изградба“, сопственост на ќерката на сведокот, да се изврши уривање и да достават понуди до 3 милиони денари, без оглас./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Најстудено на Шапка, утрово измерени -14 степени
Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -14 степени, -12 во Mаврови Анови, -10 Крива Паланка, Берово, Kрушево, -6 Виница, Куманово, -5 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, -4 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Штип, Охрид, -3 Струмица, Велес, Кавадарци, Претор, -2 Демир Капија, 0 Гевгелија.
Денеска ќ биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за провејување на снег. Ќе дува засилен до силен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени.
Во Скопје, сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
фото/депозитфотос
Македонија
Празнично работно време на шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека денеска (среда) шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат во периодот од 07:30 до 15:30 часот.
01.01.2026 година (четврток) е неработен ден.
Од 02.01.2026 година (петок), се продолжува со редовно работно време.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

