Македонија
ОН: Загрижени сме од условите во коишто живеат бегалците во транзитните центри и центарот за азил
Агенциите на Обединетите нации се сериозно загрижени поради условите во коишто живеат бегалците во транзитните центри и центарот за азил во Македонија.
„Двата главни центри за сместување се проектирани, изградени и опремени исклучиво како транзитни центри, со можност за згрижување на минувачки посетители до најмногу 24 часа. Тие не се центри за престој. Лицата кои престојуваат во речиси празниот камп во Винојуг ги користат креветите на спрат во контејнерите, но во Табановце има недостаток од кревети и мнозинството луѓе кои престојуваат таму спијат на клупи, на подот во колективните засолништа, или надвор во шатори. Немаат приватност. Често снемува струја. Греењето кога надвор студи и ладењето кога надвор е топло се несоодветни. Санитарните услови се примитивни. Слободата на движење е ограничена, што ги принудува луѓето да живеат во услови слични на притвор“, се посочува во соопштението на Агенциите при ОН.Според нив, условите во центарот во Визбегово за барателите на азил се исто така незадоволителни. Лицата таму добиваат неквалитетна храна и во недоволни количини; хигиената е на ниско ниво; нема топла вода; нема реквизити и можности за рекреација; и пристапот до информации е несоодветен.Агенциите на Обединетите нации бараат од Владата да преземе итни мерки за да ја подобри оваа ситуација, а конкретно на бегалците и мигрантите да им понуди сместување кое е соодветно за подолгорочен престој. Агенциите на Обединетите нации се подготвени да обезбедат и техничка и финансиска поддршка за изнаоѓање решенија кои ќе понудат поголемо почитување на човечкото достоинство и дополнителна заштита за големиот број ранливи лица. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

