Македонија
СДСМ: Наместо да лаже, Груевски да ја предложи активната регистрација во Собрание
Откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју повторно предложи активна регистрација на гласачите, СДСМ го повикува наместо да предлага, овие законски измени да ги предложи во Собрание.
„Еве, Собранието е свикано, ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство, нека ги предложи и нека ги донесе потребните законски измени за да се воведе активната регистрација на гласачите. Јасно е, Избирачкиот список не е прочистен, нема реформи во медиумите, не е одвоена партијата од државата, срушена е техничката влада…само затоа што Никола Груевски бега од слободни, фер, демократски и регуларни избори“, се вели во реакцијата на СДСМ.Според СДСМ ова е уште еден договор меѓу Груевски и неговиот коалициски партнер, Али Ахмети.„Граѓаните добро ги знаат шемите и договорите на Никола Груевски и Али Ахмети. Прво, Груевски божем дава некаков предлог, секако во договор со неговиот партнер Али Ахмети, па потоа тој договор го опструира или го руши токму Ахмети. Или обратно. Тоа се диловите на Груевски и Ахмети. Така се блокираше и целосното поништувањето на срамната, незаконска и неуставна аболиција што по нарачка на Груевски ја испорача Иванов“, додаваат од партијата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Паркингот во Центар денеска е бесплатен
По повод Македонските претседателски и парламентарни избори, од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека денеска паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат од утре со вообичаено работно време.
Македонија
Изборниот ден е неработен за сите граѓани
Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Македонија.
Работодавачите не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.
Поради првиот круг од претседателските избори, неработен беше и 24 април. Според одлуката на техниката Влада, двата неработни дена нема да се одработуваат.
Македонија
Започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во седум часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.
Во вториот круг од претседателските избори граѓаните ќе одлучуваат меѓу Гордана Силјановска Давкова и актуелниот претседател Стeвo Пандеровски.
На парламентарните избори, граѓаните ќе можат да избираат помеѓу 17-те изборни листи, меѓу кои коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, партијата Левица, коалицијата „Европски Фронт“ предводена од ДУИ, коалицијата „Вреди“, движењето ЗНАМ, партиите Родина, Македонска Ера Трета, Демократи, Единствена Македонија, Нова Алтернатива, Аваја, Твоја, Десна, Работничката партија, како и за групата избирачи Џула Челику.