Контакт

Македонија

Одбиени жалбите на СЈО и за останатите осомничени во „Тврдина“

Објавено пред

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги одби жалбите на Специјалното јавно обвинителство што ги поднесе против одлуката на Судот да не бидат определни мерки за претпазливост за останатите тројца осомничени во случајот „Тврдина“.

dobivaj vesti na viber

„Постапувајќи по жалба на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) изјавена против решенијата на судија на претходна постапка за лицата Т.Ј., Н.Б. и В.С., опфатени со предметот на СЈО во јавноста познат како „Тврдина“, донесе одлука со која жалбата на обвинителството се одбива како неоснована, а решенијата на судија на претходна постапка со кои се одби предлогот за определување мерки за претпазливост за сите три лица, се потврдуваат“, се вели во соопштението на Судот.Во понеделникот беа одбиени мерките за претпазливост што ги побара СЈО, а пред десетина дена судот го отфрли и барањето на Специјалното јавно обвинителство за одземање на пасошот на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, третоосомничена во случајот Тврдина. Во овој предмет судот единствено одреди мерка одземање на пасошот на првоосомничениот Горан Грујовски, сега веќе разрешен началник на петтата управа, за кого пак беше побаран притвор. Предметот се однесува на уништување на двата система за прислушување вредни околу 10 милиони евра./крај/мф

Македонија

Министерот за правда Филков и Дејвид Гир разговараа за реформите во правосудството

Објавено пред

Министерот за правда Игор Филков денеска оствари средба со шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир.

dobivaj vesti na viber

Се разговараше за состојбата со тековните и планираните реформски чекори во судството, , евроинтегративните процеси, Стратегијата за реформи во правосудството 2024-2028,состојбата со Судскиот совет , затворите како и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Во однос на законодавната агенда која треба да се реализира во периодот кој претстои се планира отворање на широка јавна дебата на сите засегнати чинители во која ќе бидат слушнати мислењата на експертската и општата јавност со цел да се дојде до најдобри реформски решенија за реализација на програмските цели на Владата .

Министерот Филков посочи дека во изминатите 10 дена откако ја презеде функцијата е информиран и целосно запознаен со процесот на преговори во делот на Поглавјето 23,, Правосудство и фундаментални права”, Планот за раст и 7-те цели од Реформската агенда, вклучување на невладините организации во дискусиите, како и активностите поврзани со реализација трите тековни проекти, еден од ЕУ и два од УСАИД.

Филков ја истакна определбата дека спроведувањето на реформската агенда е приоритет на државата при што останува клучна поддршката од ЕУ за стабилноста на земјата со надеж за продолжување на билатералната соработка во духот на заедничките вредности.

Делегацијата на ЕУ предводена од евроамбасадорот Гир ја поздрави посветеноста кон реформската агенда и ја истакна максималната поддршка за евроинтеграцискиот процес како и подготвеноста за континуирана соработка и обезбедување на сета потребна помош за спроведување на клучната реформска агенда.

Прикажи повеќе...

Македонија

Гаши на парламентарниот самит на НАТО во Вашингтон

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, престојува во Вашингтон, САД, каде што ќе учествува на Парламентарниот самит на НАТО, во рамки на Самитот на Алијансата, по повод 75-годишнината од нејзиното формирање.

dobivaj vesti na viber

Самитот е во организација на Парламентарното собрание на Алијансата и ќе се одржи утре (9 јули), а покрај претседателот на Собранието, поканети се и претседатели на парламенти и шефови на делегации во ПС на НАТО од сите други земји членки.

За време на настанот, Гаши утре ќе има свое обраќање. На овој самит учествува и пратеникот Миле Талески, како в.д. претседател на Делегацијата на Собранието во ПС на НАТО.

Во текот на посетата на Вашингтон, предвидени се повеќе билатерални средби на претседателот Гаши со странски државници и високи американски претставници.

Делегацијата на Претставничкиот дом на САД во ПС на НАТО е домаќин на Парламентарниот самит, на кој ќе се соберат лидери на парламенти од 32 земји членки, како и Украина. Најавено е учество на 23 претседатели на парламенти.

Овој собир на високо ниво треба да ја покаже важноста на парламентарната димензија на Алијансата и да ги нагласи ставовите на сојузничките парламенти за клучните приоритети.

Прикажи повеќе...

Македонија

Перински за 100. милиони евра што ќе ги добијат општините: Убеден сум дека ќе аплицираат со корисни проекти

Објавено пред

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска имаше состанок со градоначалниците од Скопскиот плански регион. На состанокот се разговараше за приоритетите на општините и за нивната подготвеност да реализираат проекти, кои што ќе бидат финансирани со средства од јавниот повик кој што веќе го подготвува Министерството за локална самоуправа.

dobivaj vesti na viber

„Јавниот повик ќе биде објавен веднаш по ребалансот на Буџетот и на општините ќе им бидат достапни првите 100 милиони евра за реализација на готови проекти. Убеден сум дека општините ќе аплицираат со квалитетни и корисни проекти кои што ќе одговорат на потребите на граѓаните“, рече министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

Перински истакна дека Владата во континуитет ќе ги поддржува општините и затоа фокусот треба да биде ставен на подготовка на добри проекти и на проектна документација.

„Потребна е целосна посветеност на граѓаните и на нивните потреби. Владата и Министерството за локална самоуправа се подготвени и ќе инвестираат во квалитетни инфраструктурни објекти кои што ќе направат разлика и ќе го подобрат квалитетот на живеење во општините. Така ќе го поттикнеме развојот и на локално и на ниво на плански региони. Рамномерниот развој бара сериозни вложувања, нашите ветувања ги реализираме веднаш затоа што имаме за цел секоја општина да ги искористи сопствените потенцијали и да биде атрактивно место за живеење и за вложување во развојот“, рече Перински.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија6 часа

Зголемување на цените на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Македонија6 часа

Кривичен: Приговорите на обвинетите за убиството на Вања и Панче се одбиени, на таткото на девојчето ќе му се суди за грабнување

Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите: В. М., Б. В. и В. К., обвинети за...

Македонија6 часа

Лефков со прашања до Филипче: Со какви туѓи перја се китиме, црни Венко, со перјата за запалената модуларна? Со каква плата направи хациенда на Водно

„Едно јавно прашање до претседателот на заробената СДСМ. Со кои перја се китиме црни Венко? Со тие ли перја со...

Македонија6 часа

Меџити на средба со пензионерите говореше за двете фази од покачувањето на пензиите: првата почнува од септември

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со министерот Фатмир Лимани, пратеникот Беким Сали...

Македонија9 часа

Царинската управа: Мобилен тим спречи шверцување два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

Мобилен тим на Царинската управа викендов спречи шверцување два тона месо штетно за здравјето на граѓаните. Превозникот, воедно и сопственик...

Македонија9 часа

(Видео) Спасен маж од длабока тиња и кал како од жив песок на реката Пчиња

Центарот за управување со кризи објави дека утрово имало спасувачка акција на реката Пчиња, каде што човек пропаднал до гуша...

Топ10 часа

Тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид – Ресен, во судир со автобус загина мотициклист

Вчера, во 19.40 часот, кај местото Прентов мост на магистралниот пат Охрид – Ресен, на крстосницата со локалниот пат за...

Македонија10 часа

Воз на релација Скопје – Гевгелија удрил во возило на излезот од Драчево

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека од „Македонски железници“ известиле дека вчера, во 17.15 часот, патничкиот воз што сообраќа на релација...

Македонија11 часа

Која земја ќе ја претставува Мицкоски во Вашингтон, Северна Македонија или никогаш Северна, само Македонија, прашува Филипче

Христијан Мицкоски, кој во Вашингтон отиде со половина од своите министри, гордо преку видео ни порача дека е на самитот...

Македонија11 часа

Фрчкоски со најава дека е подготвен да се повлече од амбасадорското место: МНР нема потреба да измеќарува

Не е никаков проблем амбасадорот да се повлече од функцијата кога не е погоден на идеологијата на новите власти. И...

Македонија11 часа

Регистриран земјотрес во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Економија1 ден

Николоски: Трет мобилен оператор за граѓаните да добијат пониски цени

Министерот за транспорт и заменик претседател на Владата, Александар Николоски, најавува трет мобилен оператор во Македонија. Со тоа цените за...

Македонија1 ден

(Фото) Томовски: Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува, ја добива својата функција

Пет дена по владината седница на која беше одлучено да се врати оградата околу Владата, екипи уште од рано утрово...

Македонија1 ден

Премиерот и министрите со набиена агенда: почнува официјалната посета на САД

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот...

Македонија1 ден

(Видео) Лефков: Филипче спроведе скандалозен тендер за стерилизација во 2019 година со контроверзна албанска компанија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска на прес конференција ја нарече СДСМ „киднапирана“ и повика да се прочитаат медиумите во...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не расчисти ниедно убиство за шест месеци колку што е Тошковски министер

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес конференција обвини дека Македонија се претворила во Див Запад откако Панче Тошковски...

Свет1 ден

(Фото) Париз во шок: татко си ги фрлил децата од петти кат, па се самоубил

Mаж ги фрлил своите две деца низ прозорецот на стан лоциран на петти кат од зграда во Париз, пред да...

Регион1 ден

Земјотрес ја погоди Хрватска: „Како да пукна бомба!“

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Хрватска, јавува ЕМСЦ. Eyewitnesses reported shaking in #Croatia...

Свет1 ден

(Видео) Хорор во Австралија: три деца загинаа во пожар, таткото намерно ја спречувал полицијата да влезе во куќата

Три деца, меѓу кои и 10-месечно бебе, загинаа во пожар што рано утринава избувна во куќа во близина на Сиднеј,...

Свет1 ден

(Видео) Отворени гласачките места за вториот круг од парламентарните избори во Франција

По убедливата победа на Марин Ле Пен во првиот круг минатата недела, каде секој трет гласач го поддржа Националниот митинг...