Забава
Нова американска мода – бебиња без пелени
Во познатите по „откаченоста” њујоршки квартови некои родители, кои не сакаат да ја загадуваат околината и исто така сакаат да ги избегнат исфрлувањата кај децата, почнуваат да го одгледуваат своите деца без употреба на пелени, пишува The New York Times.
За жените кои чуваат деца во таквите семејства тоа речиси станува услов за да се добие работата, а по Њујорк веќе се организираат советувалишта во кои родителите разменуваат искуства како оние како да се препознае моментот кога бебето треба да биде ставено на нокшир или како технички да се реши проблемот на нивното мокрење на паркинг меѓу два автомобила.
На некои њујорчани им се допаѓа враќањето кон исконските методи и користењето на искуствата на културите кои тој метод го користат бидејќи никогаш не слушнале за „памперс”.
Една мајка за весникот објаснува дека кај нејзиното четиримесечно бебе воочила одредени гримаси или гласови кои го најавуваат „настанот” па самата го следела со своето „чиш”. Сега го става бебето над нокшир или клозетска шолја и со истиот звук за 20 секунди го поттикнува вршењето на нуждата кај бебето, доколку тоа е подготвено. Секако дека се случуваат и грешки, но таа смета дека миењето мала локвичка на подот е полесно отколку перењето и честото менување на пелените.
Следбениците на овој метод, сепак, не ги оставаат бебињата цело време без пелени, исклучоци се ноќите или, на пример, заминувањата во продавница или во ресторан.
Педијатрите, пак, се сомневаат дека децата помлади од една година можат сами да ги контролираат своите физиолошки потреби./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Мидлтон направи нова фотографија, има добра причина за тоа
Кенсингтонската палата објави нова слика од принцезата Шарлот за да го прослави нејзиниот деветти роденден.
„Среќен 9-ти роденден принцеза Шарлот! Ви благодариме за сите љубезни пораки денес“, пишува во описот покрај фотографијата објавена на социјалните мрежи.
Happy 9th Birthday, Princess Charlotte! 🎂
Thank you for all of the kind messages today.
📸 The Princess of Wales pic.twitter.com/2DSDiuO93c
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) May 2, 2024
Како што е наведено, фотографијата ја направила принцезата од Велс.
Пред нешто повеќе од една недела на социјалните мрежи беше објавена нова фотографија и од нејзиниот помлад брат, принцот Луис.
Фотографијата, исто така направена од принцезата Кејт, беше споделена на 23 април за да го одбележи шестиот роденден на младиот член на кралското семејство.
Најстарото дете на Вилијам и Кејт, принцот Џорџ, ќе наполни 11 години на 22 јули.
Забава
Празнично ретро шоу на автомобили-олдтајмери на Градскиот плоштад во Крива Паланка
Градскиот плоштад во Крива Паланка, во сабота (4 мај), ќе биде возбудливо место на празнично Меѓународно ретро шоу на автомобили-олтајмери од Македонија и соседството, кои ќе бидат изложени за јавноста од 11,00 – 13,30 часот.
Љубителите на старите атрактивни автомобили ќе можат да уживаат во овој ретро авто-собир и ревијата на околу 30-тина автомобили, стари и по 40 години, од моделите на Мерцедес, Опел , Шевролет и други.
Ретро шоуто на олдтајмери го организира Општина Крива Паланка, во соработка со Клубот “Олдтајмер Витези” од Куманово, а учесници се повеќе олдтајмер клубови од нашата држава и од Србија.
Старата класа возила од минатиот век ќе тргне од собирното место во Куманово и ќе пристигне во 10,30 часот на паркингот кај ресторан „Облаче“ каде сите автомобили ќе бидат нумерирани и обележани со симболите на „Крива Паланка-Град на културата“. Возилата ќе продефилираат низ централното градско подрачје до Градскиот плоштад каде ќе бидат изложени и поставени нивните обележја.
Настанот ќе биде збогатен со настап на ДЏ Буѓо, а сите граѓани ќе можат одблиску да се запознаат со ретките примероци на олдтајмери, нивната приказна и историја, па дури и да си обезбедат специјално возење со овие стилски антиквитети на четири тркала.
Во 13,30 часот, олтајмерите ќе се упатат кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде ќе бидат изложени на паркингот над црквата.
Ретро шоуто на олтајмери за првпат се организира во нашата општина , а е дел од манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.
Забава
Принцезата Шарлот денеска полни девет години, обожавателите со нетрпение очекуваат фотографија
Принцот и принцезата од Велс, имаат уште една причина за славење оваа недела – роденденот на принцезата Шарлот.
Принцезата Шарлот денеска наполни девет години и обожавателите со нетрпение ја очекуваа годишната роденденска фотографија што семејството ќе ја објави на нивниот посебен ден, објави Мирор.
Сепак, тие ја прекинаа традицијата минатата недела кога принцот Луис наполни шест години, а се чини дека планираат да го сторат истото и овој пат.