Македонија
Македонската и косовската полиција ќе разменуваат информации и ќе ја продлабочуваат соработката

Размена на информации за криминални групи од двете страни на границата, како и подобрување на соработката помеѓу двете полициски служби, беа главни теми на разговор меѓу директорот на Бирото за јавна безбедност(БЈБ) Горанче Савовски и Директорот на Полиција на ЕУЛЕКС од Косово Оливер Хофман.
Стана збор за подобрување на соработката во сите сфери од заеднички интерес, како и понатамошно продлабочување на веќе постоечката соработка. На состанокот беше договорено да се одржи повторна средба помеѓу двата полициски директори и надлежни полициски единици во најскоро време со цел координирање на полициските активности помеѓу двете полициски служби околу актуелни криминални истраги, раздгледување на можноста за заеднички истражни тимови и се нагласи особено добрата соработка во заштитата на сведоци. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети – целта беше отворање јавна дебата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за немажени и неженети, појаснувајќи дека изјавата имала за цел да поттикне јавна дебата.
„Се извинувам на тие што можеби погрешно ја протолкуваа таа моја иницијатива, но факт е дека сум исклучително загрижен за демографската состојба во Македонија и факт е дека како претседател на Владата е моја одговорност да бидам загрижен за демографската иднина на мојата татковина“, рече Мицкоски, oдговарајќи на новинарско прашање по седницата на Извршниот комитет.
Вели дека изумираме тивко, а тоа поминува незабележано. Бројот на новородени е намален за 30, а бројот на бракови за 17 отсто за само неколку години.
Според него, не е до финансиите, туку до желбата, вредностите и воспитувањето. Тој повика на фокус кон семејството и на заедничка работа за обезбедување иднина на државата.
„Семејната парада е мојата гордост. Тоа е политиката што ќе ја водам додека сум премиер,“ заклучи Мицкоски.
Премиерот претходно, оваа недела изјави дека Владата размислува за даночење на немажените и неженетите, што предизвика бурни реакции во јавноста.
Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Подготвен сум да го воскреснам Скопје

Орце Ѓоргиевски изјави дека кандидатурата за градоначалник на Скопје е еден од најголемите предизвици досега, изразувајќи благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за континуираната поддршка – и за време на мандатот во Кисела Вода, и сега.
„Свесен сум во каква состојба се наоѓа Градот – девастиран и сив. Но, подготвен сум по изборите да го воскреснам Скопје и да стане град на достоинствен живот“, рече тој.
Ѓоргиевски најави дека ќе остане близок до граѓаните, како и досега, дека ќе ги слуша нивните барања и дека не се гледа како „салонски политичар“. Најави теренски посети и креирање на програма за решавање на најгорливите проблеми – сообраќајниот хаос, валканите улици и дивите депонии.
Ги повика сите граѓани да го поддржат, без оглед на партиската или верската определба, додавајќи дека за него постојат само скопјани кои го сакаат или не го сакаат својот град.
Македонија
Орце Ѓорѓиевски ќе има задача да го врати Скопје на скопјани, рече Мицкоски презентирајќи го кандидатот за градоначалник

Премиерот Христијан Мицкоски денес, во обраќање пред јавноста, го презентираше актуелниот прв човек на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, како иден градоначалник на Град Скопје – одлука што ја донесе Извршниот комитет на партијата.
Со тоа, Ѓорѓиевски на локалните избори ќе влезе во трката за прв човек на Градот, на местото на Данела Арсовска. Во 2021 година, Арсовска седна на градоначалничката фотелја поддржана од оваа партија, но кусо потоа се отвори фронт на несогласувања и почна вербална офанзива, па речиси и да немаше соработка помеѓу градската и извршната власт во изминатите години за клучните прашања. Оттука, Мицкоски денеска искоментира дека ги научиле сите лекции од минатото за повторно да не згрешат при изборот.
За Ѓорѓиевски, Мицкоски рече дека убедливо водел на сите партиски анкети и како градоначалник на Кисела Вода покажал и докажал дека умее и сака да работи за граѓаните.
„Исклучително е мотивиран да победи, а потоа и да победува секој ден за Градот Скопје и скопјани. Тој е отворен и достапен и посветен работник кој решава проблеми. Нова енергија каква што му е потребна на Скопје после едно четиригодишно девастирање и замреност на Градот“, рече премиерот.
Мицкоски изјави и дека Орце Ѓорѓиевски ќе има нова задача да го врати Скопје на скопјани и изрази уверување дека со заедничка работа доаѓаат добри денови за Скопје – решавање на превозот, хигиената, урбаниот хаос.
„Ќе понудиме програма, заедничка работа и визија за Скопје. Овие избори влегуваме како фаворити, а тоа значи уште поголема одговорност да направиме повеќе“, рече Мицкоски.